7.9 C
Ohrid
четврток, април 25, 2024
ПочетнаМакедонијаДенови на македонскиот мед - медот да биде заштитен со Закон

Денови на македонскиот мед – медот да биде заштитен со Закон

spot_imgspot_img

Медот и пчелите да бидат заштитени со Закон – оваа порака беше испратена од 17-тата манифестација „Денови на медот“.
Дегустација на мед и можност да се купи мед и различни видови на пчелини производи на традиционалната манифестација Манифестацијата се одржува на улица Македонија во центарот на Скопје, во организација на пчеларското здружение „Матица„, а учествуваат пчелари од цела земја.

Традиционално во „Деновите на медот“ посетителите ќе можат и да побараат совети од домашните пчелари за употребата и лековитите дејства на медот и производите кои секоја година се нудат на овој вид саем на медот.

Во земјава има околу 6.000 пчелари со околу 230.000 пчелни семејства. Најголемиот број пчелари се занимаваат со пчеларство од хоби, а само 10 до 15 отсто се професионални.

– Бараме, како тутнот, грозјето и други земјоделски производи и пчелите и медот да бидат законски заштитени и гарантирани. Општо е познато што пишуваат странските медиуми за нашите природни услови, кои се исклучително наклонети за производство на квалитетен мед. Со тоа можеме да се гордееме, но треба и да го сочуваме, рече претседателот на пчеларското здружение „Матица“, Венче Билбиловски.

инистерот за земјодлество, шумарство и водостопанство, Арјанит Хоџа, кој официјално ја отвори манифестацијата, рече дека да се има сопствен македонски мед, а притоа и автохтон вид македонска пчела, е причина за гордеење, дополнително, ако се знае дека нашиот мед на сите светски манифестации, саеми и натпревари ги добива највисоките награди, како потврда за неговиот квалитет.

Хоџа нагласи дека Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) силно го поддржува развојот на пчеларството, а уште една можност за развој на оваа гранка е и ИПАРД 2 програмата преку која се склучени 46 договори со вкупна финансиска поддршка од околу 120 000 евра.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Стојанче: Овојпат ДУИ мора да падне, со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме

По вчерашниот пораз на СДСМ утрово се огласи и Стојанче Ангелов. СЕГА ИЛИ НИКОГАШ! Колку и да е убедлива, победата нема да биде комплетна доколку ДУИ...

По кусо боледување, денеска на 75 години почина Велибор Џаровски-Џаро

По кусо боледување, денеска на 75 години почина Велибор Џаровски-Џаро, еден од најпознатите менаџери на просторите на бивша Југославија. Џаровски соработуваше со најголемите југословенски естрадни...

Доктор Нико си тера мајтап: „Стефчо Јакимовски собра повеќе потписи од гласови“,

Вечерва, кога веќе се познати изборните резултати, кандидатот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски освои околу 5.500 гласови, доктор Нико Беќаровски објави хумористичен статус за него. „Стефчо...

Ковачевски: Очекував подобри резултати, но јасно е дека граѓаните не казнија

Лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски вечерва порача дека јасно е оти граѓаните ги казниле. Се надевавме на подобри резултати, но јасно е дека луѓето не...