7.4 C
Ohrid
четврток, април 18, 2024
ПочетнаМакедонијаМакедонка запросена среде пустина, како на филм

Македонка запросена среде пустина, како на филм

Македонка „рипна во тавче“ – среде пустина запросена како на филм. Нејзиното момче кој по националност е Русин а живее во Узбекистан, и приреди совршено изненадување во Дубаи на 23 годишната Мимоза Коцева.

„Кажав да на нова авантура и на ново поглавје од мојот живот. Нека нашата љубов ја има формата на мојот свршенички прстен – без почеток и крај, совршен и бескраен“, напиша Мимоза во описот на фотките кои им ги направил фотограф од Дубаи.

За Црно-бело таа открива детали за нивната љубовна врска и за запросувањето:
„Со Павел сме заедно од 2018 година. Се запознавме во Америка за време на Work and Travel програмата.

Тој по националност е Русин, но живее во Ташкент, Узбекистан. Јас живеам скоро две години во Минхен, Германија и иако ваквата врска на далечина за некого би претставувала проблем, за нас е интересна авантура.

Наоѓавме начини да се најдеме на половина пат, некаде во Турција, или пак јас во Узбекистан или тој во Германија, само да би можеле да се видиме. Но, за среќа, тој доби дозвола за престој оваа година и официјално се пресели во Германија во март за да живееме заедно. Инаку, меѓусебно комуницираме на англиски јазик.

Ја имав среќата на нашиот годишен одмор да бидам запросена и да остане значаен белег кој ќе го паметам до крајот на животот.“

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Пендаровски: Најмалку тројца владици во Синодот на МПЦ под руско влијание, но немаме докази дека се шпиони на руската федерална служба

Во изминатите неколку години, Македонија протера 18 руски дипломати, т.н. дипломати кои беа руски шпиони. Тоа беше направено во содејство со службите од кои...

Грејната сезона во Македонија продолжува поради временските услови

АД ЕСМ ги информира потрошувачите приклучени на системот за централно греење со кој управуваат компаниите формирани од АД ЕСМ, како и подружницата „Енергетика“, дека...

Скафандерот стана дел од мене, уште го чувам – вели Костадиновска-Стојчевска

Тој скафандер стана дел од мене, го чувам и ќе ми дозволите да ви кажам од кои причини го чувам. Јас бев две години...

Албанец одбива да прими казна оти била напишана на македонски јазик. (Видео)

Граѓанин одбива да прими казна оти била напишана на македонски јазик На социјалните мрежи се споделува видео на коешто се гледа како двајца македонски полицајци...