8.8 C
Ohrid
четврток, април 25, 2024
ПочетнаМакедонијаВладика Агатангел: Сите што имате земено бугарско државјанство да го поништите, Бугарија...

Владика Агатангел: Сите што имате земено бугарско државјанство да го поништите, Бугарија не е наш пријател !!!

spot_imgspot_img

Ве повикувам да не се двоумите, да не се колебате и да не се плашите од имунизацијата, односно вакцинацијата против овој вирус, затоа што тоа е опцијата која ни ја нуди современата медицина, која секако е благословена од Небесниот Отец, Нашиот Бог и Спасител, Исус Христос, и која ќе ги минимизира последиците по нашето здравје и ќе не врати во нормалниот тек на нашето современо живеење, вели Владиката Митрополит Повардарски г. Агатангел. Во отворено писмо во кое ги повикува православните верници во недела да дојдат на света Божествена Литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Велес и да бидат дел од „Семакедонскиот православен христијански собор“ тој ги потсетува граѓаните на пописот кој е во тек во графата за вероисповед да се изјаснат дека се православни христијани, наместо само христијанин.

„Така во иднина би ги минимализирале штетните последици кои би произлегле од оваа математичка операција, по однос на нашата света православна црква и големиот број нејзини верни чеда, вели Агатангел.

Во однос на пописот, а како што вели, особено заради политичките манипулации кои произлегуваат од него, имајќи ја предвид изјавата на Претседателот на Република Бугарија, Румен Радев, кој веќе почнал да манипулира дека бројноста на бугарското население е околу 120.000, вели:

„Тоа е дека сите сме свесни дека Република Бугарија сосема свесно и со подмолни, територијално аспиративни, па дури и чисто зли намери го искористи овој лош транзициски период во Македонија, каде бројни нејзини граѓани наоѓајќи се во лоша економска ситуација посегнаа по бугарските државјанства, како би заминале непречено низ европските и прекуокенските земји на печалба.

 

Еве сега, кога повеќе од јасно е дека Република Бугарија не е пријателска земја на Македонија и е отворен противник на нејзиниот просперитет, развој и одржливост, би апелирал до сите наши браќа и сестри кои го направија овој чин на земање на бугарско државјанство, да размислат да го поништат, односно да се откажат од тоа државјанство и да не бидат повеќе заложници на таа нечиста бугарска пропаганда.

 

Вие, драги мои, го направивте тоа за да си ги сочувате фамилиите, децата, човечкото достоинство, затоа што оваа наша жална Македонија на многумина не им даде можност за достоинствен живот во овие 30 години. Јас ве разбирам, но во исто време знам дека вие сте чистокрвни Македонци, луѓе кои си ја сакаат оваа земја, луѓе кои се чесни и родољубиви Македонци и затоа Ве повикувам без двоумење да го направите овој чин, односно да се откажете од формалното бугарско државјанство и со тоа да го засилиме македонскиот бедем во желбата за сочувување на оваа наша света и благословена Македонија., вели г. Агатангел.

Фактор

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Доктор Нико си тера мајтап: „Стефчо Јакимовски собра повеќе потписи од гласови“,

Вечерва, кога веќе се познати изборните резултати, кандидатот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски освои околу 5.500 гласови, доктор Нико Беќаровски објави хумористичен статус за него. „Стефчо...

Ковачевски: Очекував подобри резултати, но јасно е дека граѓаните не казнија

Лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски вечерва порача дека јасно е оти граѓаните ги казниле. Се надевавме на подобри резултати, но јасно е дека луѓето не...

Пендаровски: Од утре се гледаме на терен, почнуваме од нула

Резултатите не се такви какви што ги очекувавме истакна вечерва на прес-конференција кандидатот за претседател поддржан од СДСМ, Стево Пендаровски. „Од утре продолжуваме со средби...

Засилено полициско обезбедување: ДУИ слави и во Скопје и во Мала Речица

Приврзаниците на ДУИ вечерва на плоштадот „Скендербег“ во Скопје слават по објавата на првичните резултати од првиот круг од претседателските избори, според кои нивниот...