11.9 C
Ohrid
петок, март 29, 2024
ПочетнаМакедонијаБугарската држава го платила превозот на македонските Евреи до логорот на смртта...

Бугарската држава го платила превозот на македонските Евреи до логорот на смртта Треблинка

Во текот на Втората светска војна македонските Евреи биле депортирани во логорот Треблинка, каде што биле задушени во гасни комори. Од логорот на смртта не се вратил никој кој би можел да ги прераскаже стравотиите на уништувањето на Евреите од Македонија. Затоа историските документите се единствените извори за докажувањето на судбината на македонските Евреи.

Меѓу споменатите докази е и сметкопотврда за исплатени трошоци за превоз на 4 137 (3 545 возрасни и 592 деца) Евреи од Македонија до логорот на смртта Треблинка, издадена до бугарското Комесарството за еврејски прашања, како документ за раздолжување пред бугарската влада.

Споменатата сметкопотврда е издадена на 13 октомври 1943 година од страна на Главна дирекција на бугарските железници и во неа можеме да прочитаме:

„Со следното потврдуваме дека цената на билетите за двата специјални воза со кои превезоа на 25.III о.г. 1 748 возрасни и 197 деца од 4-10 год. од еврејско потекло од Скопје до Треблинка и на 28.III о.г. 1 797 возрасни и 395 деца од 4-10 години од еврејско потекло, изнесува 7,144,317 /седум милиони сто четириесет и четири триста и седумнаесет/ лева.

Тие возови беа испратени по барање на Комесарството за еврејски прашања, кое ја исплати цената на тие два воза со чекови во вредност 4,827,395 лева од 23 март о.г. , чек со вредност 2,000,000 лева од 29 март о.г. и чек со вредност 316,922 лева од 13 октомври о.г.

Ова му се издава на Комесарството за еврејски прашања, за да им послужи како документ за раздолжување.

Балкан Бугарско официјално патно биро Потпис Комесар (потпис нечиток) три различни печати, таксена марка од 10 лева.“

Пишува: Нова Македонија

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Сашо Донев, Лидија Петкоска и Грација Бакраческа кандидати за пратеници од Охрид

Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ги усвои пратеничките листи на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за наредните парламентарни избори. На листата во петтата изборна единица има...

Села оди во коалиција со Ахмети, очекува најмалку пет пратенички мандати

Алијанса на Зијадин Села оди во коалиција со Али Ахмети. Со само еден делегат против било одлучено АА да стапи во коалиција со ДУИ...

Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош

Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени...

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи или младински организации. Како што...