9.6 C
Ohrid
вторник, април 23, 2024
ПочетнаМакедонија35-годишна Скопјанка лажно се претставувала како медицинска сестра и попишуваш и ограбувала...

35-годишна Скопјанка лажно се претставувала како медицинска сестра и попишуваш и ограбувала постари граѓани.

Триесет и петгодишна скопјанка лажно се преставувала како медицинска сестра и попишувач и ограбувала домови и постари граѓани во општина Гази Баба.

Основното јавно обвинителство поведе постапка против осомничената за шест кривични дела – тешка кражба, како што информира МВР.

Осомничената кај еден постар граѓанин дошла во неговата куќа каде се претставила како медицинска сестра, која дошла да го прегледа и да му стави облоги на нозете. Додека тој се подготвувал за преглед, таа од неговиот дом украла паричник со 16 илјади денари. Кај други граѓани таа се претставувала како попишувач и додека барала сертификат за вакцинација и додека тие го барале, таа им ги одзела паричниците.

– Во куќата на друга оштетена, осомничената се претставила како внука на сосетката, па искористувајќи момент кога сопственичката на кратко ја напуштила просторијата, одзела паричник со околу 3.000 денари. Во друг случај, осомничената се доближила до една оштетена пред аптека во Сингелиќ, ја замолила да и даде пари за лекови, па и го грабнала паричникот, стекнувајќи се со противправна имотна корист од 3.000 денари.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомничената, бидејќи постои опасност таа се да се даде во бегство за да го избегне кривичниот прогон – велат од Јавно обвинителство.

На 22. септември осомничената била лишена од слобода од страна на полициски службеници поради сомнение за сторени повеќе кривични дела како измама, дрска кражба и кражба на подрачјето на Гази Баба.
Тв24

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Боки 13: Сакам на Лила да ја плукнам, ама не, мојата плунка е повредна од неа !!!

Боки 13 во поткастот наа Лазаров се осврна и на пријателството со Лила Филиповска за која кажа дека кога би ја сретнал, не би...

Малолетен учник претепал наставничка во скопското основно училиште Димо Хаџи Димов во Влае.

Малолетен учник под 14 години претепал наставничка во скопското основно училиште Димо Хаџи Димов во Влае. Насилниот ученик најпрвин нападнал неколку деца, а кога наставничката...

Боки 13: Вилма Рускоска на прославата од 1-Тв беше пијана, се вртеше како Рингишпил.

По повеќегодишна медиумска апстиненција и 4 години поминати во затвор, Боки 13 вечерва гостува во поткастот на Стефан Лазаров. Како и секогаш, искрен и без...

Боки 13: Со Шарената Револуција почна рекетот во Македонија.

Шарена Револуција од овој аспект сметам дека беше политички инструмент. Покрај алатка за да стигне до власт, тука е почнат рекетот во Македонија. Тука...