9.6 C
Ohrid
петок, март 29, 2024
ПочетнаМакедонијаБорба што ќе се памети: Австралиецот со македонски корени ја одбрани титулата...

Борба што ќе се памети: Австралиецот со македонски корени ја одбрани титулата шампион во перо категорија во УФЦ, совладувајќи го предизвикувачот Брајан Ортега од САД.

Александар Волкановски, Австралиецот со македонски корени ја одбрани титулата шампион во перо категорија во УФЦ совладувајќи го предизвикувачот Брајан Ортега од САД.

Во полната „Т-мобиле“ арена во Лас Вегас се очекуваше детронизирање на Волкановски бидејќи не е многу популарен меѓу Американците но тој ги замолчи сите и го совлада Ортега со едногласна судиска одлука (49-46, 50-45, 50-44) по пет возбудливи рунди.

Ова е втора одбрана на појасот во перо категорија за Волкановски и 20. победа едноподруго во неговата ММА-кариера, во која има вкупен биланс 23-1. Ортега го претрпе вториот пораз во 17 борби.

Волкановски е роден во Варила, Австралија, од мајка Гркинка и татко Македонец. Видео: Тука

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Сашо Донев, Лидија Петкоска и Грација Бакраческа кандидати за пратеници од Охрид

Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ги усвои пратеничките листи на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за наредните парламентарни избори. На листата во петтата изборна единица има...

Села оди во коалиција со Ахмети, очекува најмалку пет пратенички мандати

Алијанса на Зијадин Села оди во коалиција со Али Ахмети. Со само еден делегат против било одлучено АА да стапи во коалиција со ДУИ...

Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош

Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени...

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи или младински организации. Како што...