4.9 C
Ohrid
четврток, април 18, 2024
ПочетнаМакедонијаНогачески: Зад мене не стојат партии, ама стои народот

Ногачески: Зад мене не стојат партии, ама стои народот

Почитувани граѓани на Дебрца,

👉После четиригодишна наша заедничка битка, повторно сме заедно овде, на истото место, во нашата Дебрца, на истиот ден, Крстовден, за да го продолжиме патот по кој заедно одиме.

👉Токму затоа што изминативе четири години не можев да гледам на моите сограѓани како поважни и помалку важни луѓе, кои припаѓаат на различни партии, денес сум овде без никаква партиска позадина, како обичен човек, како дел од сите Вас. За тоа огромна заслуга имате сите Вие мои сограѓани, бидејќи изминативе години некако сите ние се зближивме, решавајќи ги заедно нашите секојдневни проблеми. Сите станавме една партија која едноставно нема никакво име, нема ниту лидер, нема ни статут ни програма. Ја има само нашата човечност и чувство за заедништво и припадност на локалната заедница.

👉Ние луѓето од Дебрца, обединети и сполотени сме симбол за партија како што се покажа и докажа на Царополе. Заедно еден до еден.

👉Луѓето во Дебрца знаат дека не може се наеднаш преку ноќ да се смени. Ама ние барем почнавме од некаде и сметам дека сме на добар пат. Замислете каде ќе беше Дебрца, ако се реализираа проекти како изминатите години!?

👉На почетокот од мојот мандат имаше и луѓе кои беа скептици дали ќе успееме. Денес тие луѓе стојат рамо до рамо со мене како мои најголеми подржувачи и мои пријатели.

👉Храбро да тргнеме, без страв дека не знаеме од каде да почнеме.

👉Во изминативе четири години покажавме дека само заедно, сплотени можеме да ја одбраниме и сочуваме Дебрца.
Ве повикувам и во наредните четири години да продолжиме заедно да ја градиме Дебрца.

✅Со целосен респект кон моите противкандидати, сепак нема да бидам нескромен ако речам дека очекувам победа уште во првиот изборен круг.

Зад мене не стојат партии, ама стои народот.

Народот најдобро знае‼

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Почина познатиот македонски моторџија Тони Шипка.

На 48 годишна возраст почина познатиот македонски моторџија Тони Шипка, соопшти неговиот клуб LOWLANDERS MC MACEDONIA на социјалните мрежи. – Почина Тони Шипка, човек кој...

Традиционално од Света Петка Велгошти, ВМРО ДПМНЕ ја започна парламентарната кампања.

Огромен број граѓани вечерва присуствуваат на големиот народен митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид од каде партијата традиционално ја започнува кампањата за парламентарните избори. Кандидатите за...

Ковачевски најавува победа со над 61 пратеници на парлементарните избори

СДСМ и Коалицијата за европска иднина ќе добијат голема поддршка од граѓаните и ќе ја формираме новата Влада која најдоцна до 2030 година ќе...

Да беше жив, денес ќе славеше 73 години !!

Ќе наполнеше 73 години Роден на 19 Април 1951та во Скопје! Беше еден од најкреативните, најталентираните и најшармантните актери во Македонија! Беше еден од ретките,...