13.9 C
Ohrid
сабота, април 20, 2024
ПочетнаМакедонијаРЕ-МЕДИКА ќе стане „газда“ на црквата Св. Константин и Елена

РЕ-МЕДИКА ќе стане „газда“ на црквата Св. Константин и Елена

Градежната компанија „Бетон“ ќе го исчисти долгот кој кон компанијата го имаат Фондацијата Св. Цар Константин и Македонската православна црква (МПЦ ОА) и ќе го префрли кон Приватната здравствена установа Ре-медика. Оваа одлука треба да ја усвојат акционерите на градежната компанија на вонредното акционерско собрание кое е закажано за 18 октомври. Кога ќе се усвои, точно 270 милиони денари (4,4 милиони евра) долг од фондацијата и МПЦ ќе бидат отстапени како побарување кон Ре-медика. Болницата ќе треба на „Бетон“ да му го исплати целиот износ со што ќе стане доверител. Овој долг, како што знае јавноста е за изградбата на црквата Свети Цар Константин и Елена која „Бетон“ ја градеше во центарот на град Скопје, пишува ФАКТОР.МК

„Се одобрува склучување на зделка со заинтересирана страна – склучување на Договор за отстапување на побарувањето со Приватна здравствена установа општа болница РЕ – МЕДИКА Скопје, во вкупен износ од 269.918.842 денари. Побарувањето, ДГ БЕТОН го побарува од Фондацијата Св. Цар КОнстантин и Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, согласно Спогодба за регулирање на меѓусебните права и обврски 25.12.2020 година, стои во предлог одлуката.

Фактор дознава дека отстапувањето на побарувањето на ПЗУ РЕ – МЕДИКА Скопје треба да се изврши без дисконт на вредноста, односно со исплата на вкупниот износ што Фондацијата и МПЦ му го должат на „Бетон“.

Лани во ноември „Бетон“ побара да се отвори стечајна постапка затоа што не можеше да наплати 1,1 милион евра од фондацијата.

Во декември 2014 година тогашната Влада предводена од екс премиерот Никола Груевски објави дека политичари, стопанственици, владици од Македонската православна црква – ОА, учествувале на донаторска конференција за доизградба на црквата „Св. Константин и Елена“ во Скопје, чие возобновување со повторна изградба почнало во 2012 година

Апел за донации со кои требаше да се комплетира храмот на конференцијата упатија Груевски и поглаварот на МПЦ г.г. Стефан.

– Да ја продолжиме убавата градителска традиција во Македонија. Да го продолжиме она што го правеле нашите предци и да го дозавршиме она што го почнавме во 2012 година, истакна во обраќањето Груевски.

Поглаварот на МПЦ-ОА нагласи дека споменот по урнатите храмови и мислите и желбата за нивна обнова никогаш не се престанати.

– Самиот, пак, храм од аспект на архитектурата со предвиденото внатрешно и надворешно уредување ќе биде храм за ремек-дело во современото сакрално градежништво во која до детали е запазена православната традиција и веруваме дека ќе биде храм гордост на Скопје и на цела Македонија, ќе биде споменик на верата кој ќе сведочи дека овде отсекогаш и се сакало и се знаело како да се гради за Бога и за неговите свети, рече г.г. Стефан.

Инаку, црквата Св. Константин и Елена беше повод и за протести во главниот град.

За престојното акционерско собрание на „Бетон“ предвидено е да се донесат одлуки за продажба на недоградениот хотел во центарот на Скопје и за продажба на други два хотели, едниот во Дојран, другиот во Охрид.

Постапките за чистење на компанијата некои познавачи ги толкуваат како обид компанијата да стане поконкурентна и покомпетитивна.

А.Т. Извор: Фактор.Мк

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Филипче: Сум работел во АВТОПЕРАЛНА и од таму ми е љубовта кон моторите и автомобилите !!!

Познатиот неврохирург д-р Венко Филипче, раскажува за првата посета на операциона сала, како ученик во средното медицинско училиште „Панче Караѓозов“. Во „Неформално“ на Сител...

Маричиќ до тетка Верица: Како ќе растат внуците, така и пензиите ќе растат !!

Меѓународниот секретар на СДСМ и кандидат за пратеник, Бојан Маричиќ, оствари средба со граѓаните пензионери од Изборната единици 1, каде што тој е дел...

Повторно го згрешивме знамето: Македонската армија и се заблагодари на Норвешка со знаме на Исланд

Македонската армија преку Фејсбук и се заблагодари на Норвешка, но го згреши знамето, па го искористи тоа на Исланд. „Моторните возила од Кралството Норвешка веќе...

Рибар во албанскиот дел на Охридското Езеро улови коран тежок 13,2 килограми

Рибарот Ylli Jaçellari во албанскиот дел на Охридското Езеро успеа да улови пастрмка – коран тежок 13,2 килограми. Тој е 45-годишен лиценциран риболовец од Уденишт,...