7.9 C
Ohrid
четврток, април 25, 2024
ПочетнаМакедонијаДо кога македонските студенти ќе прават хамбургери во Германија?

До кога македонските студенти ќе прават хамбургери во Германија?

spot_imgspot_img

Според податоците на Светска банка објавени неодамна, невработеноста кај младите во Македонија изнесува 50,08%, додека најновиот извештај на Евростат покажува дека речиси 40% од младите немаат работа, ниту се вклучени во процес на образование.
Па така, од Македонија младите заминуваат на привремен престој и работа во Германија.
Младите лица пред се студентите кои заминуваат од родната земја во потрага за “подобар” и поплатен живот, но забораваат на сопствената кариера, прифаќајќи ниско рангирани работни позиции не соодветни на нивните квалификации стекнати преку образовниот систем во Македонија.

Подоцна, кога ќе се вратат во Македонија тие се обидуваат да пронајдат работа според нивното образование, но тоа не им успева бидејќи поголемиот дел од нивниот студентски живот го поминале “правејќи хамбургери” во Германија, а не го стекнале потребното искуство кое се бара од нив на одредени огласи за работа во Македонија.

На тој начин, судентите губат многу време и можности со нивното одење во Германија или во некоја од западните држави по работа, мислеќи дека ќе заработат вртоглава сума на пари за краток период работејќи било каква работа, но не го пресметуваат изгубеното и не надохналиво време за да се стеканат со релеванто работно искуство во Македонија, кое подоцна би им се исплатило доколку останат во сопствената држава и од тука се обидат да ја градат нивната кариера.

Но, не е сѐ така црно, македонската стартап заедница нуди решение за овој проблем кој има три димензии и тоа: економска, социјална и образовна димензија. Имено, Bintern е тоа решение кое ги поврзува студентите и дипломицте со компаниите за пракса и работа соодветна на нивните вештини и знаења. Иновација и уникатност на платформата е тоа што им нуди на студентите пракса уште од првата година на студии и подготвеност да се вклучат на пазарот на труд после нивното дипломирање, токму како што сакаат работодавците.
Извор: Бизнис Вести

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Стојанче: Овојпат ДУИ мора да падне, со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме

По вчерашниот пораз на СДСМ утрово се огласи и Стојанче Ангелов. СЕГА ИЛИ НИКОГАШ! Колку и да е убедлива, победата нема да биде комплетна доколку ДУИ...

По кусо боледување, денеска на 75 години почина Велибор Џаровски-Џаро

По кусо боледување, денеска на 75 години почина Велибор Џаровски-Џаро, еден од најпознатите менаџери на просторите на бивша Југославија. Џаровски соработуваше со најголемите југословенски естрадни...

Доктор Нико си тера мајтап: „Стефчо Јакимовски собра повеќе потписи од гласови“,

Вечерва, кога веќе се познати изборните резултати, кандидатот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски освои околу 5.500 гласови, доктор Нико Беќаровски објави хумористичен статус за него. „Стефчо...

Ковачевски: Очекував подобри резултати, но јасно е дека граѓаните не казнија

Лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски вечерва порача дека јасно е оти граѓаните ги казниле. Се надевавме на подобри резултати, но јасно е дека луѓето не...