15.9 C
Ohrid
среда, април 24, 2024
ПочетнаМакедонијаЗошто Обвинителството молчи за трагедијата во Тетово?!

Зошто Обвинителството молчи за трагедијата во Тетово?!

Поминаа цели три недели од трагедијата во тетовскиот ковид центар а Oбвинителството не излегува во јавноста со никаква информација за причините и можните осомничени за смртта на луѓето во модуларната болница.

Иако германските експерти ја завршија својата истрага и си заминаа пред десетина дена молчат и Републичкото јавно обвинителство и тетовското кое ја води истрагата.

Според извори во оваа институција кои инсиститираат на анонимност а кои се плашат од одмазда од една политичка партија, тетовското јавно обвинителство е под жесток притисок да молчи за 14те живи изгорени до 17 октомври.

Според информациите кои доаѓаат од луѓе во институцијата притисокот треба да доведе до целосен молк за трагедијата до 17 октомври кога ќе се одржи првиот круг на локални избори.

Според планот тетовското Jaвно обвинителство каде работи и близок роднина на еден од главните осомничени за трагедијата, дури потоа би излегло со прелиминарни информации но без конкретни информации.

Целта на притисокот е да се спречат сите информации кои можат да наштетат на политичките партии чии функционери се меѓу можните осомничени за трагедијата.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Како за Бајрам така и Велигден- Бесплатно шишање за сите деца од Православна вероисповед

Како за Бајрам така и Велигден. Почитувани мои Охриѓани, се ближит големиот Православен празник-Велидген. Одлучивме заедно со Берберот Емин Алим од "Barber shop Shogun"на 28.04.2024 (Недела)во...

Уапсен Охриѓанец- Го фотографирал гласачкото ливче

Полицијата во Охрид го приведе А.И.(48), затоа што го фотографирал гласачкото ливче на избирачкото место 1271 во Охрид. По целосно документирање на настанот, против него...

Пецаков: Денес му оддаваме достојна почит на охридскиот револуционер Христо Узунов, кој со својата голема храброст остави неизбришлив печат во македонската историја

Денес му оддаваме достојна почит на охридскиот револуционер Христо Узунов, кој со својата голема храброст остави неизбришлив печат во македонската историја и беше еден...

На гласачко место во Скопје пронајдена испукана димна бомба !!!

Министерството за внатрешни работи досега нема регистрирано посериозни нарушувања на јавниот ред и мир во текот на гласањето, кое, генерално, се одвива мирно, без...