14.9 C
Ohrid
четврток, март 28, 2024
ПочетнаМакедонијаНема новости дали попишувањето ќе продолжи по предвидениот рок

Нема новости дали попишувањето ќе продолжи по предвидениот рок

Од Државниот завод за статистика нема конкретен одговор дали ќе побара дополнителен рок за завршување на пописот и по 30-ти септември, дознава Алсат.

Ова не били разговарано ниту на синоќешната владина седница, иако министерот за правда, Бојан Маричиќ вели дека верува оти се ќе заврши со време, но дека ќе чекаат на ставот на Заводот.

Од Алијанса за Албанците велат дека изјавата на министерот за правда отвара сомнеж дека Владата се меша во работата на Заводот за статистика. Тие, исто така, итно бараат продолжување на пописот.

„Го покануваме министерот да не дава такви изјави, бидејќи со изјави тој нема да го реши проблемот, туку само ќе ги покрие неговите лични каприци и оние на неговата влада. Од друга страна, повторно апелираме до Парламентот итно да се свика и да донесе одлука за продолжување на пописот“, рекоа од Алијанса за Албанците.

Во вчерашното соопштение тие велат дека намерно бил прекинат пописот во април за да се оневозможи албанската дијаспора да се попишува.

„Пописот се одложи, просто, за да спласне еуфоријата и мотивацијата на Албанците да се попишат. Дали некој е запознаен дека диајаспората од моментот на одложувањето комплетно го има игнорирано овој процес и не продолжи да се попишува. Значи, се докажува тоа што ние го велевме, дека ова е една политичка одлука преземена како одговор на масовното излегување на Албанците да се попишат“, велат од АА.

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски наведува дека нема да учествуваат на евентуалната седница за продолжување на пописот.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи или младински организации. Како што...

Дуел Ковачевски-Мицкоски на трети април!

Во Среда на 3 април, ден пред стартот на предизборната кампања за претседателските и парлемнатрните избори, Канал 5 телевизија ќе има чест да ви...

Ангелов: Ако победи СДСМ би работел за нив и како експерт, ама за плата од 5.000 евра

Прашан дали, ако СДСМ победи на изборите, ќе го напушти ВМРО-ДПМНЕ и ќе се врати во СДСМ, Стојанче Ангелов, претседателот на партијата „Достоинство“ синоќа...

Илија Јовановиќ: Бебиња се евидентирале како мртви и се продавале на други?!

Дома СКОПСКА СКОПСКА Бебиња се евидентирале како мртви и се продавале на други?! Од страна на Вечер -27/03/2024 - 15:08420 Илија Јовановиќ, претседател на здружението „Градиме...