15.9 C
Ohrid
среда, април 24, 2024
ПочетнаМакедонијаТеута оди на уште една победа, ќе правела обиколница во Тетово

Теута оди на уште една победа, ќе правела обиколница во Тетово

Ќе изградиме обиколница за да се среди сообраќајниот метеж, им ветува Теута Арифи на сограѓаните за Тетово.

Досегашната градоначалничка Арифи ќе го трча и овој изборен круг за ДУИ .

Таа е убедена во победникот и очекува победа.

Промовирајќи ги проектите таа посочи дека после реконстуирањето на улиците кое се случувало во изминатите 4 години, сега ќе се оди чекор напред со изградба на обиколница.

– Во среде пандемија воспоставивме јавен превоз, го асфалтиравме патот до Шипковица, успеавме да отвораме градинки во селата и многу други работи. Сево ова е мотив за оваа млада екипа на советници. Денес е можност за еден нов свет. Јас велам и дека има многу да се работи. Јас сум тука пред вас, сум кандидат по трет пат, затоа што вие ми ја дадовте таа чест, Тетово е универзитетски град, град на промени, им благодарам на граѓаните и да им порачам дека може заедно и мажи и жени и повеќе да направиме, истакна пред неколку дена Теута Арифи.
Фактор

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Уапсен Охриѓанец- Го фотографирал гласачкото ливче

Полицијата во Охрид го приведе А.И.(48), затоа што го фотографирал гласачкото ливче на избирачкото место 1271 во Охрид. По целосно документирање на настанот, против него...

Пецаков: Денес му оддаваме достојна почит на охридскиот револуционер Христо Узунов, кој со својата голема храброст остави неизбришлив печат во македонската историја

Денес му оддаваме достојна почит на охридскиот револуционер Христо Узунов, кој со својата голема храброст остави неизбришлив печат во македонската историја и беше еден...

На гласачко место во Скопје пронајдена испукана димна бомба !!!

Министерството за внатрешни работи досега нема регистрирано посериозни нарушувања на јавниот ред и мир во текот на гласањето, кое, генерално, се одвива мирно, без...

Тошковски: Безбедносната состојба стабилна, нема никакви нарушувања во изборниот процес

Безбедносната состојба е стабилна. Нема никакви нарушувања во изборниот процес. Немаме забележано никакви посериозни нарушувања во изборниот процес, изјави денеска техничкиот министер за внатрешни...