8.8 C
Ohrid
четврток, април 25, 2024
ПочетнаМакедонијаЗаев: Земјоделците ќе добијат дополнителни три денари субвенции

Заев: Земјоделците ќе добијат дополнителни три денари субвенции

spot_imgspot_img

Премиерот Зоран Заев денеска најави дека од КОВИД-програмата, проектирана во јуни, земјоделците ќе добијат дополнителни три денари субвенции за оризовата арпа.

Со тоа, како што нагласи Заев, ќе им се излезе во пресрет на барањата на производителите за надминување на пониските откупни цени поради пандемијата.

Заев присуствуваше на завршните настани од манифестацијата „Денови на кочанскиот ориз” заедно со министерката за образование Мила Царовска, заменик-министерот за земјоделство Трајан Димковски и други владини претставници.

-Од КОВИД програмата, која навремено е планирана уште во јуни, ќе им помогнеме на оризопроизводителите со дополнителни три денари по килограм оризова арпа, со што излегуваме во пресрет на барањата за надминување на пониските откупни цени поради пандемијата. Во подрачната единица за земјоделство во Кочани доставени се и 1020 картички за „зелена нафта”, а ги исплативме субвенциите за полјоделски култури од програмата за финансиска поддршка во земјоделството од околу 640,5 милиони денари, во кои влегуваат и субвенциите за оризот што ги добија над две илјади субјекти. Ја почнавме капиталната инвестиција за изградба на браната Речани што треба да заврши до крајот на 2024 година и ќе овозможи наводнување на 1.500 хектари, стабилно водоснабдување и производство на електрична енергија од две хидроцентрали, истакна премиерот Заев.

Заменик министерот Димковски нагласи дека со владината поддршка од 32,5 милиони денари, при што се склучени 25 договори, годинава за првпат во Кочанско за оризовата жетва ќе се користат нови комбајни со уреди за сечкање на сламата, за да се избегне нејзиното палење.

По триесетти пат годинава Општина Кочани беше организатор и домаќин на завршните настани од културно-промотивната манифестација „Денови на кочанскиот ориз”. Со рачното зажнејување со срп и обичаите поврзани со собирањето на родот на површините на Земјоделскиот институт во Кочани, беше означен официјалниот почеток на овогодишната жетва на кочанското „бело злато”.

Земјоделецот Тоше Јорданов од Кочани беше прогласен за најдобар млад оризопроизводител, а паричната награда му ја предаде градоначалникот Николчо Илијев кој нагласи дека една од главните заложби на локалната власт е создавање услови за младите да ги продолжат традициите за одгледување ориз.

На централната свеченост на која присуствуваа и гости од збратимените градови од Унгарија и Бугарија, како и граѓани, беше нагласено дека оризот останува еден од главните македонски земјоделски брендови, поради што ја има поддршката од државата.

Во рамки на програмата на петдневната манифестација „Денови на кочанскиот ориз” се одржаа десетина културни настани со концерти, промоции на книги, филмски проекции и работилници.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Доктор Нико си тера мајтап: „Стефчо Јакимовски собра повеќе потписи од гласови“,

Вечерва, кога веќе се познати изборните резултати, кандидатот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски освои околу 5.500 гласови, доктор Нико Беќаровски објави хумористичен статус за него. „Стефчо...

Ковачевски: Очекував подобри резултати, но јасно е дека граѓаните не казнија

Лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски вечерва порача дека јасно е оти граѓаните ги казниле. Се надевавме на подобри резултати, но јасно е дека луѓето не...

Пендаровски: Од утре се гледаме на терен, почнуваме од нула

Резултатите не се такви какви што ги очекувавме истакна вечерва на прес-конференција кандидатот за претседател поддржан од СДСМ, Стево Пендаровски. „Од утре продолжуваме со средби...

Засилено полициско обезбедување: ДУИ слави и во Скопје и во Мала Речица

Приврзаниците на ДУИ вечерва на плоштадот „Скендербег“ во Скопје слават по објавата на првичните резултати од првиот круг од претседателските избори, според кои нивниот...