9.9 C
Ohrid
вторник, април 23, 2024
ПочетнаЗабаваУште ова го немавме видено: Свадба на граница, секој во својата држава...

Уште ова го немавме видено: Свадба на граница, секој во својата држава од гостите. (Видео)

Канаѓаните Карен Мехојни и нејзиниот вереник Брајан Реј одлучиле да се венчаат на границата меѓу САД и Канада, а причината е далеку од ексцентрична. Имено, поради пандемијата и ограничувањата за патување, семејството на  невестата не можело да присуствува на венчавката.

– За мене беше важно моите родители и баба, која има 96 години, да присуствуваат на венчавката, за да го видат најсреќниот ден во мојот живот. Сакавме да сведочат за нашата среќа – рече Карен.

Како што објасни, САД ги ограничија „помалку важните“ патувања на копнените премини со Канада на почетокот на пандемијата.

– Воздушниот сообраќај меѓу земјите е можен, но иако членовите на моето семејство се вакцинирани, мислам дека тоа ги става во поголем ризик, особено баба ми која е толку стара – рече таа, додавајќи дека имаат пријател кој работи на гранична патрола и кој помогнал да се биде организирано, и да се почитуваат ограничувањата.

Церемонијата се одржала на 25 септември на место што повеќе личи на ливада отколку на граничен премин.

Меѓу нив немаше ограда, но тие сепак се држеа на своја страна, младенците и родителите на младоженецот, блиските пријатели и матичарот стоеја на американска почва, а другите на канадско тло.


Вечер

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Полициските чувари од прилепскиот Затвор на протест- Се плашат за својата безбедност од високо-ризичните осуденици

- Полициските чувари од прилепскиот Затвор на протест, се плашат за својата безбедност од високо-ризичните осуденици кои ги чуваат – ...

73 годишен Тетовчанец, ја затворил снаата во соба и ја тепал.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.К.(73) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „телесна повреда“ при семејно насилство и...

Ученикот кој претепа наставничка, од „Димо Хаџи Димов“ ќе биде префрлен во „Владо Тасевски“

Институциите, општината и основното училиште по претседателските избори ќе бараат решение за ученикот кој вчера претепа наставник и нападна ученици, а потоа беше приведен од...

19-годишник и малолетник завршиjа во полиција – Го прекршиле изборниот молк !!

Две лица од тетовско со лепење плакати за кандидат за претседател го прекршиле изборниот молк. Министерството за внатрешни работи информираше дека утрово во 01.05...