11.9 C
Ohrid
среда, април 24, 2024
ПочетнаМакедонија„Град Скопје на чело со Шилегов го финансирал извидничкиот камп и во...

„Град Скопје на чело со Шилегов го финансирал извидничкиот камп и во 2019 година, и во 2021 година“

Шилегов да побара клубот кој го организирал скандалозниот камп да ги врати парите, а тој да се извини на скопјани. И во 2019 година, и во 2021 година град Скопје на чело со Петре Шилегов го финансира извидничкиот камп на кој малолетни деца сексуално и психолошки се трауматизирани, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму истакнуваат дека документите јасно покажуваат дека градот Скопје ги известил и средните училишта за оваа своја активност.

– Со тоа се покажува дека Шилегов точно знаел што прави и не може да бега од одговорност. Десетици деца ќе имаат долгорочни психолошки последици како резултат на скандалозниот камп кој меѓу другото е овозможен и од финансиите од Шилегов, додаваат од партијата.

Во соопштението се потенцира дека Шилегов најмалку што може да направи е да ги побара назад парите, и да се извини на скопјани.

–  А, по промената на власта ќе има и детална истрага за сите можни злоупотреби, за никогаш повеќе да не се повтори, нагласија од ВМРО-ДПМНЕ.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Ковачевски: Очекував подобри резултати, но јасно е дека граѓаните не казнија

Лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски вечерва порача дека јасно е оти граѓаните ги казниле. Се надевавме на подобри резултати, но јасно е дека луѓето не...

Пендаровски: Од утре се гледаме на терен, почнуваме од нула

Резултатите не се такви какви што ги очекувавме истакна вечерва на прес-конференција кандидатот за претседател поддржан од СДСМ, Стево Пендаровски. „Од утре продолжуваме со средби...

Засилено полициско обезбедување: ДУИ слави и во Скопје и во Мала Речица

Приврзаниците на ДУИ вечерва на плоштадот „Скендербег“ во Скопје слават по објавата на првичните резултати од првиот круг од претседателските избори, според кои нивниот...

Дурловски: Многу луѓе под седумгодишен политички прогон за првпат вечерва ќе можат да спијат помирно

Многу луѓе под седумгодишен политички прогон за првпат вечерва ќе можат да спијат помирно. Слава ти Господе!, порача вечерва Игор Дурловски, по објавата на...