8.9 C
Ohrid
четврток, април 18, 2024
ПочетнаМакедонијаРусија протера уште еден македонски дипломат

Русија протера уште еден македонски дипломат

Русија повторно и’ врати на Македонија откако државава за четири месеци протера двајца руски дипломати. Министерство за надворешни работи на Руската Федерација соопшти дека в.д. амбасадорката на Република Северна Македонија во Москва, Оливера Чаушевска-Димовска денеска била повикана во руското МНР, каде и’ била врачена Нота, со која вториот секретар во македонската амбасада се прогласува за „персона нон грата“ односно „непожелна личност“.

„Мерката е одговор на сосема неоснована одлука за прогласувањето на дипломат во Амбасадата на Русија во Скопје за ’персона нон грата‘ донесена од страна на Северна Македонија во август оваа година.“ – велат од Министерство за надворешни работи на Руската Федерација.

По ова, веднаш се огласија од македонското министерство за надворешни работи. Од таму велат дека ваквата одлука нема никаква основа.

„За претходното протерување на рускиот дипломат од Северна Македонија беа доставени евидентирани докази за негово дејствување во спротивност на Виенската конвенција за дипломатски односи. Оттука, денешниот потег на руската страна е во целост неоснован и негативно ќе се одрази на обидите за унапредување на односите меѓу двете земји“

Целиот текст тука.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Ахмети на импровизирана седница го избра Села за претседател на Собранието, ги усвои и измените на Уставот!

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети го прогласи лидерот на Алијанса за Албанците, дел од Европскиот фронт, Зијадин Села за претседател на Собранието на Македонија,...

ВМРО-ДПМНЕ традиционално ја стартува кампањата од Охрид, вечерва митинг на Градскиот плоштад

ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Твоја Македонија“, со голем народен митинг, вечерва традиционално ќе ја започнат кампањата за парламентарните избори од Охрид. На настанот, кој со почеток...

Тепачка меѓу функционери на ДУИ во Гостивар?!?!

По судирите и тепачките во Струга, поделбата меѓу противниците на Европскиот фронт продолжи и во гостиварскиот огранок, објави порталот Фол. Додека претходно во Струга дошло...

Истепан вработен во ЕВН во Сарај.

Во текот на вчерашниот ден во 15.00 часот во СВР Скопје, Д.Б.(38) од с.Кадино, општина Илинден, пријавил дека во с.Глумово, општина Сарај, при извршување...