11.9 C
Ohrid
петок, март 29, 2024
ПочетнаМакедонијаМакедонска гордост: Млади научници добија награда од НАСА

Македонска гордост: Млади научници добија награда од НАСА

Македонскиот тим „Девилиш“ викендов доби награда од американскатавселенска агенција НАСА, за нивното учество на натпреварот NASA Space Apps Challenge. Tие добија награда за истражувањето кое го направија на тема Уметнички осветлени астероиди (Artfully Illuminated Asteroids) . Станува збор за неколку млади учесници од Македонија, кои имаа 48 часа да ја прикажат истражувачката мисија на американската сонда со име Луси со која се истражуваат астероидите.
Тие успеаја да се пласираат во конкуренција со други натпросечно талентирани млади луѓе во светот и добија пофалби од судиите за нивната презентација.
Мартина Димоска во организацијата настапи со уште неколкумина Македонци кои тесно соработуваа со aмериканскиот тим.

„Нашиот тим одлучи најнапред да направи истражување за патеката по која ќесе движи вселенската сонда Lucy и за тоа кои вселенски објекти ќе ги пресретне и истражува за време на својата мисија“, рече 22-годишниот Ивица Бузлевски од Ресен, кој беше дел од тимот.

„Потоа се одлучивме дека ќе изработиме 3D-модели со помош на кои ќе изработиме 3D-анимација во која ќе ги прикажеме најважните моменти од истражувачката мисија на Lucy, како и да изработиме тематска песна која би ја искористиле во финалното видео. Дизајнерите на нашиот тим работеа во три различни софтверски програми, се соочивме со големи проблеми на
некомпатибилност на 3D-моделите при составувањето на финалниот проект. И покрај тоа успеавме да се справиме со ситуацијата и да го завршиме проектот на време“, рече Бузлевски. Музиката во видеото ја изработи Драган Мојсовски (30) од Скопје, магистер по право, кој освен за музиката учествувал и во истражувањето на тимот

За 3D-моделите на астероидите, текстурите за другите елементи и надминувањето на сите неочекувани софтверски проблеми во врска со алатките бил задолжен Виктор Пановски од Скопје, ентузијаст за технологија, механика и наука.

Целиот текст тука.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Сашо Донев, Лидија Петкоска и Грација Бакраческа кандидати за пратеници од Охрид

Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ги усвои пратеничките листи на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за наредните парламентарни избори. На листата во петтата изборна единица има...

Села оди во коалиција со Ахмети, очекува најмалку пет пратенички мандати

Алијанса на Зијадин Села оди во коалиција со Али Ахмети. Со само еден делегат против било одлучено АА да стапи во коалиција со ДУИ...

Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош

Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени...

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи или младински организации. Како што...