11.9 C
Ohrid
петок, март 29, 2024
ПочетнаМакедонијаКондовски: Развојот на туризмот ќе биде стратешка определба на Општина Битола

Кондовски: Развојот на туризмот ќе биде стратешка определба на Општина Битола

Развојот на туризмот ќе биде стратешка определба на Општина Битола, а како значаен дел во развојната стратегија во оваа област веќе е зацртан развојот на ловниот туризам!
Ова денеска го истакнав на средба со претставници на Здружението на ловци „Сокол“-Битола. Во Битола има голем број ловџии организирани преку ловните друштва „Сокол“ и „Пелагонија Пелистер“. Соработката со нив е од исклучително значење за да можеме на потребите и на сите отворени прашања кои ги имаат ловџиите да одговориме најоптимално и со вистински решенија!
Ловните терени во битолскиот регион се вистински магнет како за битолските ловџии, така и за оние кои тука доаѓаат од другите делови на државата, но и надвор од неа. Тоа мора да се искористи за развој на туризмот!
За таа цел со ловците делиме исто мислење дека заложбите мора да продолжат во правец на доуредување на ловните терени и обележување на патеките и ловиштата!

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Сашо Донев, Лидија Петкоска и Грација Бакраческа кандидати за пратеници од Охрид

Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ги усвои пратеничките листи на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за наредните парламентарни избори. На листата во петтата изборна единица има...

Села оди во коалиција со Ахмети, очекува најмалку пет пратенички мандати

Алијанса на Зијадин Села оди во коалиција со Али Ахмети. Со само еден делегат против било одлучено АА да стапи во коалиција со ДУИ...

Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош

Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени...

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи или младински организации. Како што...