19.9 C
Ohrid
четврток, јули 18, 2024
ПочетнаМакедонијаПецаков: Гарантирам дека ќе ја реализирам мојата програма во четири години, а...

Пецаков: Гарантирам дека ќе ја реализирам мојата програма во четири години, а тоа е Kатна гаража, реконструкција на двата плоштада во центарот на Охрид, изградба на велосипедска патека од бензинската на Макпетрол до Св. Стефан, со можност за продолжување до Св. Наум, нови училишта и игралишта….

Ohrid News емитуваше разговор со Кирил Пецаков, доктор стоматолог, од неодамна специјалист по детска и превентивна стоматологија, актуелен пратеник и кандидат за градоначалник на Охрид од редовите на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата.

Освен за програмата со која тој настапува пред гласачите, визијата и приоритетите за Охрид, исто така разговараа и за приватниот и професионалниот живот на Пецаков. Тој долго време е во политиката, а негова голема љубов е спортот.

Ако нешто ми недостига е спортот, особено ракометот, затоа што голем дел од времето го минував таму. По распадот на РК Климент Охридски со група ентузијасти и пријатели го формиравме РК Охрид 2011, каде бев голман и капитен до 2016 година, кога се повлеков од активно играње заради повреда. – истакна Пецаков за Ohrid News.

Што се однесува до изборната кампања, Пецаков оценува дека таа засега се одвива во најдобар ред иако, како што рече, има одредени непријатности со третиот кандидат. Неговиот фокус на секојдневните средби со граѓаните, митинзите и мини митинзите, е презентација на програмата и предвидените проекти, за кои, како што вели, гарантира дека ќе бидат реализирани во четиригодишниот мандат.

Нашата програма се темели на десет главни проекти: катна гаража, реконструкција на двата плоштада во центарот на Охрид, изградба на велосипедска патека од бензинската на Макпетрол до Св. Стефан, со можност за продолжување до Св. Наум, изградба на спортска сала во с. Лескоец во склоп на училиштето „Ванчо Николески“, изградба на мултифункционални игралишта во Велгошти и Видобишта, изградба на ново современо училиште во Охрид заедно со современа градинка, поставување на фотоволтаични панели на објекти во сопственост на локалната самоуправа и на земјиште сопственост на Република Македонија, со цел намалување на трошоците на јавните претпријатија и објекти од јавен интерес, ревитализација на Студенчишко блато, зголемување на зелените површини во градот вклучително и на паркот кај споменикот на Ден Долард, подобрување на инфраструктурата во градските и приградските населби, за што имаме персонализирана кампања што ние како партија ќе направиме во конкретно населено место. – посочи Пецаков.

Видео и текс: ОhridNews

spot_imgspot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Силно невреме го зафати Скопје: Кровна конструкција се заплетка на кабли од далновод.

Поради силното невреме кое го зафати Скопје, дел од кровна конструкција заврши на далновод. Кровната конструкција која ветрот ја оддува се заплетка во каблите од...

Украден калашников од полициската станица во Скопје

Во полициската станица во Карпош украдено е автоматско оружје „калашников“ брифираат извори на Порталикс. Информацијата ја потврди и МВР кои велат дека од 19 јуни...

При контрола на ноќен клуб во Тетово пронајдени 32 жени од Русија, Молдавија, Украина, Косово, Албанија, Србија, Словенија и Казахстан

Полициски службеници од СВР Тетово при контрола на ноќен клуб во тетовско Горно Седларце на 17/18.07 во периодот од 23:30 до 5 часот изутрината...

Бајден е позитивен на ковид-19, ќе паузира од кампањата

Американскиот претседател Џо Бајден е позитивен на ковид-19, потврди Белата куќа. Веста е објавена откако Бајден не се појавил на настан поврзан со претседателската...