10 C
Ohrid
четврток, март 28, 2024
ПочетнаМакедонијаЗаев брзо заборави на специјалците, па од Вевчани порача: Од Вевчани цела...

Заев брзо заборави на специјалците, па од Вевчани порача: Од Вевчани цела држава учи дека најдоброто значи гордост и пркос но и желба за напред

„Колку чекори напред сме отишле во развојот на државата и на општините, а од доброто и подоброто следува Најдоброто – покажува тоа што денес никој не зборува за молк – бидејки е слобода, никој не зборува за режим – бидејки е демократија. Никој не зборува за отпуштања од работа – бидејки, дури и во време на пандемија, ние покачуваме плати и отвораме нови работни места. Имаме историски најниска невработеност од независноста на Македонија“, рече претседателот на СДСМ, Зоран Заев, во денешното свое обраќање во Вевчани.

„Покажавме на дело што значи да се работи со јасна идеја и јасен план за развојот за секој град, за секое село, за целата држава. Со децентрализацијата од идната година обезбедуваме повеќе приходи за општините, тоа се повеќе пари во општинските каси за да се инвестираат во улици и патишта, во канализациски и водоводни мрежи, за изградба на училишта, градинки и спортски сали, за проекти кои реално го унапредуваат животот на граѓаните во секоја општина“, рече Заев и ја побара поддршката за уште еден градоначалнички мандат за актуелниот градоначалник Сашо Јанкоски.

-Сашо има и елан и енергија и знаење да работи и сработи, кој покажа тоа и убеден сум дека Сашо, заедно со советниците предводени од носителот на советничката листа, Леон Парталкоски – успешен менаџер – ќе го донесат Најдоброто за Вевчани“, рече Заев.

-Нашата понуда, проектите што ги најавуваме – се сигурни и се реалност. На другата страна имаме магла – нејасни, конфузни најави за некакви проекти. Со оглед дека тие имаат намера да ги искомплицираат европските интеграции, односите со соседите, односите меѓу етничките заедници во нашата држава – наводните проекти на ВМРО-ДПМНЕ се неизвесни, бидејки иднината што ни ја најавуваат како „нова“ е крајно неизвесна И ОПАСНА“, истакна Заев.

„Пред вас се проевропски кадри за градоначалници и советници кои носат СИГУРНОСТ И НАПРЕДОК. Успеавме државата да ја поставиме на патот на Напредокот и со тоа создадовме простор силно да се посветиме на општините за забрзан локален економски развој и напредок на секоја општина“, рече Заев.

 

Но еве мало потсетување:
Пред не цела година дена беше Вевчанскиот карневал на кој Заев и Спасовски уште сабајлечки ја испратија ЕБР за да разбијат било какво групирање на вевчанци.
Но вевчанци не забораваат !!!

Целиот овој настан го емитуваше екипата на Шило Магазин во живо.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Сашо Донев, Лидија Петкоска и Грација Бакраческа кандидати за пратеници од Охрид

Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ги усвои пратеничките листи на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за наредните парламентарни избори. На листата во петтата изборна единица има...

Села оди во коалиција со Ахмети, очекува најмалку пет пратенички мандати

Алијанса на Зијадин Села оди во коалиција со Али Ахмети. Со само еден делегат против било одлучено АА да стапи во коалиција со ДУИ...

Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош

Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени...

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи или младински организации. Како што...