9.9 C
Ohrid
четврток, април 25, 2024
ПочетнаМакедонијаЗаборавено и во руини училиштето каде првпат се одржала настава на македонски...

Заборавено и во руини училиштето каде првпат се одржала настава на македонски јазик

spot_imgspot_img

На 10 километри од Кичево на регионалниот пат кој води кон Охрид е селото Подвис, каде во виорот на антифашистичката војна во селското училиште се одржа првиот час на македонски јазик на ослободената територија во Кичевско. До стариот и напуштен дел од селото води земјен калив пат кој го искачивме пешки, а до зградата која е заборавена во урнатини речси и да нема пристап. Училиштето кое испишува значаен дел од македонската историја, е заштитено културно наследство, но само на хартија.

Наместо храм на македонскиот јазик и писменост, училиштето во Подвис денес е руина. Иако е споменик на културата, објектот ја губи битката со времето и негрижата.

Училишната зграда е обраснатa во вегетација, скалите до главниот влез се урнати, нема врати и прозорци, покривот прокиснува, а од училницата каде за првпат се одржа настава на македонски јазик, се гледа небото. Ѕидовите се уриваат, подот пропаѓа, а наследниците на првите ученици, молат училиштето да се спаси. Спомен плочата, за да ја заштитат, мештаните ја однеле во училиштетот во новиот дел од село Подвис.
УЧИЛИШТЕТО ЦЕЛОСНО СЕ РАСПАЃА, ПРАШАЊЕ НА ВРЕМЕ Е И КОГА ПОКРИВОТ ЌЕ ПАДНЕ, ОСТАВЕНО Е НА ЗАБОТ НА ВРЕМЕТО И АКО СЕ САКА МОЖЕ ДА СЕ СПАСИ. СЕКОЈА ЗИМА ОЧЕКУВАМЕ КОГА ЌЕ ПАДНЕ СНЕГ ДЕКА И ЗГРАДАТА ЌЕ СЕ РАСПАДНЕ, ВЕЛИ БРАНЕ ГАВРИЛОВСКИ, ЖИТЕЛ НА ПОДВИС.

Наставата во училиштето во Подвис започнала на 23 септември 1943 година, имало 22 ученика кои доаѓале и од соседните села. Одлуката на Главиот штаб на македонската народно-ослободителна војска, за отворање училишта на македонски јазик има оргомно значење, велат историчарите

– ТОА КАЖУВА ДЕКА И ПРЕД ОФИЦИЈАЛНО СОЗДАВАЊЕ НА МАКЕДОНСКАТА ДРЖАВА СЕ ГРАДЕЛЕ ИНСТУТЦИИ КОИ БИЛЕ НА ЛИНИЈА НА МАКЕДОНСКАТА САМОБИТНОСТ И МАКЕДНСКИОТ НАЦИОНАЛЕН ИДЕНТИТЕ. ОД ТАА ГЛЕДНА ТОЧКА УЧИЛИШТАТА НА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК СЕ НЕСОМНЕНО НЕПОРЕКЛИВ АТРИБИТ НА МАКЕДОНСКИОТ НАЦИОНЕЛН ИДЕНТИТЕ, ВЕЛИ Д–Р АЛЕКАСНАДР ЛИТОВСКИ, ИСТОРИЧАР

Жителите во повеќе наврати иницирале да се обнови училишната зграда во Подвис, но досега безуспешно.

За повеќе детали: Тука
Извор: Телма

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Стојанче: Овојпат ДУИ мора да падне, со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме

По вчерашниот пораз на СДСМ утрово се огласи и Стојанче Ангелов. СЕГА ИЛИ НИКОГАШ! Колку и да е убедлива, победата нема да биде комплетна доколку ДУИ...

По кусо боледување, денеска на 75 години почина Велибор Џаровски-Џаро

По кусо боледување, денеска на 75 години почина Велибор Џаровски-Џаро, еден од најпознатите менаџери на просторите на бивша Југославија. Џаровски соработуваше со најголемите југословенски естрадни...

Доктор Нико си тера мајтап: „Стефчо Јакимовски собра повеќе потписи од гласови“,

Вечерва, кога веќе се познати изборните резултати, кандидатот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски освои околу 5.500 гласови, доктор Нико Беќаровски објави хумористичен статус за него. „Стефчо...

Ковачевски: Очекував подобри резултати, но јасно е дека граѓаните не казнија

Лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски вечерва порача дека јасно е оти граѓаните ги казниле. Се надевавме на подобри резултати, но јасно е дека луѓето не...