10.9 C
Ohrid
среда, април 24, 2024
ПочетнаМакедонијаШилегов: Денес ние се бориме за силна Северна Македонија на нејзините горди...

Шилегов: Денес ние се бориме за силна Северна Македонија на нејзините горди граѓани…

Градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов денеска од манифестацијата во главниот град честитајаќи им го на граѓаните Денот на народното востание – 11 Октомври истакна дека по цели 80 години се сеќаваме на храброста и одлучноста на нашите партизани и дека наша должност и обврска е да го зачуваме тоа сеќавање и да потсетуваме на нивниот идеал.

– Сите ние сме одговорни, и како поединци, и како општество, да ја памтиме нивната жртва и да го негуваме нашето наследство од НОБ. Денес, благодарение на нашите партизани ние живееме во слободен град, во слободна татковина, рече Петре Шилегов на почетокот од своето обраќање.

-Да не беше 11 Октомври, продолжи тој, ќе го немавме ниту 2 Август ’44, а можеби ниту 8 Септември ’91.
-Тој ден означи Македонија да не биде квинслишка територија, туку напротив, жестоко упориште против фашистичкиот окупатор. Но, треба да се потсетиме дека и пред 11 Октомври, нашите партизани преземале одредени акции: на 22 август, таа 1941 година е формиран Првиот скопски партизански одред, на 8 септември Лазо Колевски убива бугарски стражар кај Богомилскиот тунел. Истиот ден, тука, во Скопје Боро Петрушевски – Папучар убива бугарски окупаторски војник. На 7 октомври во Скопје е извршен обид за убиство на агентот Мане Мачков, во кој загинува Благоја Деспотовски – Шовељ, а на 8 октомври Трајко Бошкоски – Тарцан, пробивајќи се низ непријателскиот обрач во Прилеп, убива еден непријателски полицаец. Сите овие настани се предвесници на големиот 11-ти Октомври, додаде Шилегов.

Тој додаде дека со мудроста на македонското водство, единството на нашите народи и силата на нашето оружје е победен фашизмот.
-За нашата слобода се изборивме сами, сами ги изградивме Скопје и Македонија како суверена држава на единствени и горди народи, и никому, ама баш никогаш нема да дозволиме да ја чепне нашата држава, нашата тешко стекната, со крвта на нашите антифашисти платена слобода, нагласи Шилегов.

-Скопје е град на заедништвото, кој само заради слогата со која живееме, денес се претвора во модерна европска престолнина. И тоа е нашата најголема сила, баш како во времињата кога знаевме да се спротивставиме на окупацијата и фашистичкото зло, денеска се бориме за силно Скопје на горди луѓе, денес се бориме за европско Скопје, се бориме за силна Северна Македонија на нејзините горди граѓани, порача Шилегов.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Охриѓанецот Давид Крстески е нашиот херој од последното Европско Таеквон-до ИТФ првенство освојувајќи бронзен медал во борби

Македонската Традиционална Таеквон-до Федерација од 15-ти до 22-ри април 2024, учествуваше на Европското Таеквон-до ИТФ првенство кое се одржа во Копер, Словенија. На ова...

Полициските чувари од прилепскиот Затвор на протест- Се плашат за својата безбедност од високо-ризичните осуденици

- Полициските чувари од прилепскиот Затвор на протест, се плашат за својата безбедност од високо-ризичните осуденици кои ги чуваат – ...

73 годишен Тетовчанец, ја затворил снаата во соба и ја тепал.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.К.(73) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „телесна повреда“ при семејно насилство и...

Ученикот кој претепа наставничка, од „Димо Хаџи Димов“ ќе биде префрлен во „Владо Тасевски“

Институциите, општината и основното училиште по претседателските избори ќе бараат решение за ученикот кој вчера претепа наставник и нападна ученици, а потоа беше приведен од...