7.9 C
Ohrid
петок, април 19, 2024
ПочетнаМакедонијаОд 240.000 ученици, здравствените власти ќе тестираат само 8.200, скринингот доцни

Од 240.000 ученици, здравствените власти ќе тестираат само 8.200, скринингот доцни

„Се знае колкава бројка ученици ќе бидат опфатени, во кој од класовите во кои училишта согласно бројката на училишта во општините. Верувам дека тоа ќе биде брзо со оглед дека ќе се прави преку електронскиот дневник и родителите имаат можност веднаш да одговорат. Апелирам да го прифатат скринингот, не е тоа ништо страшно, обичен брис се зема кај децата исто како брисовите и за детектирање на други причинители на горнореспираторни инфекции. Сега епидемиолошката ситуација е прилично мирна, немаме заболени деца, немаме хоспитализирани – 10-15 во болницата во Козле, и во ниту една друга институција нема податоци за трансмисија на вирусот во училиштата. Но, важно е да знаеме дали евентуално би откриле асимптоматски носители кај децата“ – вели министерот Филипче.

Иако бројот на ученици во Македонија е околу 240 000, здравствените власти одлучија прво да тестираат само многу мал дел односно 8200 ученици. Дали ќе го следиме примерот од други земји, каде сите ученици се тестираат барем еднаш неделно, ќе покажат анализите по завршувањето на скринингот. Филипче вели, здравствениот систем има капацитет за тоа, но за следните чекори ќе се одлучува подоцна.

Откако беше најавено дека ќе се тестираат дел од учениците, повеќето лекари реагираа дека бројката е премногу мала, и не може да се постигне никаков резултат. Дел од стручната фела смета дека за да се направи анализа дали има трансимисија на корона вирусот, потребно е да се направи тестирање на барем 50 000 ученици.

За разлика од нас, во Грција учениците се тестираат два пати неделно, во Словенија еднаш неделно, а во Турција два пати неделно тест мора да прават и наставниците кои не се вакцинирани. И во Канада, сите ученици се тестираат еднаш во неделата на трошок на државата.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Боки 13 тврди дека Камчев и Русковска знаат каде е милионот од Луи Витон торбата од „Рекет“

Бојан Јовановски во јавноста познат како Боки 13 денес на прес-конференција пред Основниот кривичен суд Скопје рече дека бара фер, а не хистерична и...

Се истепале професорки во средно училиште во Битола

Вчера во СВР Битола, 28-годишната Х.Т. од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка Ј.Н., соопшти МВР. Од...

Се огласи Паљото од Битола: Лажно сум пријавен дека сум пукал со воздушна пушка во бездомно куче од тераса

Зоран Лазаревски – Паљо, познат фитнес тренер и бодибилдер, како и поранешен кандидат за градоначалник на Битола, за „Слободен печат“ вели дека лажно е...

Малолетно момче заедно со неговиот татко натепале полициски службеници со метален предмет !!

Шеесет и четиригодишен кумановец и неговиот малолетен син биле приведени вчера откако со метален предмет нападнале полициски службеници. На 18.04.2024 во 00.35 часот во Куманово,...