8.9 C
Ohrid
вторник, април 23, 2024
ПочетнаМакедонијаПо тешко боледување, фолк пејачот Митев се враќа на естрадата

По тешко боледување, фолк пејачот Митев се враќа на естрадата

-Фала му на Бога сега сум подобар и се надевам дека така ќе остане. Кога последен пат давав интервју за ,,Фокус” бев влезен во болничките ходници од кои што мислев дека тешко ќе излезам и дали ќе излезам“ – фолк пејачот Јордан Митев, по пауза од околу една година, наскоро се враќа на естрадата.

Рестрикциите поради пандемијата со корона вирус не се единствената причина поради која популарниот фолк музичар не беше актуелен на сцената изминатиот период, туку, како што раскажува за ,,Фокус”, водел една од најтешките битки во животот. Вели дека минал низ пекол, од кој извлекол поука, дека здравјето е најважно и секогаш мора да биде приоритет.

-Фала му на Бога сега сум подобар и се надевам дека така ќе остане. Кога последен пат давав интервју за ,,Фокус” бев влезен во болничките ходници од кои што мислев дека тешко ќе излезам и дали ќе излезам.
Пред отприлика една година, ми беше дијагностициран еден од опасните канцери и поради тоа морав итно да се оперирам. После операцијата се правеа многу испитувања овде и надвор од Македонија и докторите утврдија дека станува збор за едно ретко автоимуно заболување.

Кога имаш две зла, ќе го одбереш она помалото, иако и помалото не е мало и наивно, но фала му на Бога има решение, доколку постоперативно се потврдеше дијагнозата со која ме оперираа, тогаш ќе беше најопасното. Поминав низ еден многу тежок и мрачен период кој траеше неколку месеци.
Тоа се тешки моменти, како за самиот човек, така и за неговото најблиско опкружување и не го посакувам тоа ниту на непријателот. До сега сум имал многу битки, но битката со себе е најтешка – раскажува музичарот.

Целото интервју тука.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Гласањето на затворениците, болните и дијаспората почна навреме и без проблеми

Вкупно 6.935 болни и изнемоштени, затвореници во Казнено-поправните домови и лица во притвор, во старски домови и наши државјани во странство, можат да гласаат...

Не го издржа притисокот: Доктор Нико Беќаровски навести дека ќе си замине од Клиниката за Токсикологија.

Доктор Нико Беќаровски навести дека ќе си замине од Клиниката за Токсикологија. Во статус на социјалните мрежи, Беќаровски порача дека е време на приватните клиники...

Универзална сала не е осигурана, осигурана е фирмата што ја реконструира салата

Не е точно дека Универзална сала е осигурана туку осигурана е фирмата која ја изведува реконструкцијата на салата во осигурителната компанија Еуролинк, а изјавата...

Боки 13: Сакам Лила да ја плукнам, ама не, мојата плунка е повредна од неа !!!

Боки 13 во поткастот наа Лазаров се осврна и на пријателството со Лила Филиповска за која кажа дека кога би ја сретнал, не би...