6.9 C
Ohrid
петок, април 19, 2024
ПочетнаМакедонијаФилипче за скринигот на учениците: Не е ништо страшно, обичен брис се...

Филипче за скринигот на учениците: Не е ништо страшно, обичен брис се зема – да видиме дали ќе откриеме асимптоматски деца

Министерот за здравство Венко Филипче уште еднаш апелираше до родителите да одговорат позитивно на писменото барање за согласност од МОН нивните деца да учествуваат во скринигот на учениците низ училиштата во земјава.

-Моделот за скринингот е готов, задоцнивме една недела. Методологијата сега е подготовена и од утре ќе почнеме да бараме заедно со МОН писмена согласност од родителите. Очекувам скринингот да се спроведе до крајот на идната недела. Не е ништо страшно, обичен брис се зема исто како земање брис за детектирање на други причинители на горно-респираторни инфекции, за да видиме дали ќе откриеме асимптоматски носители на вирусот. Во моментов нема заболени и хоспитализирани деца, освен 10 до 15 деца згрижени само во болницата Козле. Засега немаме податоци за трансмисија во училиштата, рече министерот Филипче на денешната прес конференција.

Запрашан за тоа дали има универзален протокол за лекување на ковид-19, нагласи дека станува збор за сериозна болест која кај различни граѓани се манифестира со различна клиничка слика, па оттаму и зависно од хроничните болести на пациентите, се преминува кон лекување со посебни протоколи според манифестацијата на болеста. Оттаму, рече Филипче, многу е важна консултацијата со матичен лекар и потоа и со лекар специјалист, преходно зборувајќи и за случајот со лекарот „фантом“ кој во домашни услови лекувал пациентка која потоа починала во болница.

-За случајот со лекарот фантом, дознал лекар од ГОБ „8 Септември“ кога пациентката била таму примена во тешка состојба. Известено е МВР и се постапува по случајот. Ексклузивно право за лекување во домашни услови на пациенти има само матичниот лекар, нагласи министерот.

Тој рече дека се намалува бројот на новодијагностицирани случаи, па оттаму не се чекаат термини за терстирање.

-Имаме по 300-350 новодијагностицирани случаи и може да се тестираат во центрите за јавно здравје било кога, рече Филипче.

Министерот нагласи дека вакцинацијата дава ефекти, и нема зафатеност на болничките капацитети каде има поголем процентот на вакцинација, како на пример во Кавадарци каде 60 проценти од населението е вакцинирано. Презафатеност на капацитетите има само во градовите со низок опфат на вакцинација, дециден е министерот и додаде дека не очекува следниот бран да направи силен притисок кон болниците.

Наскоро, според новите мерки на Комисијата за заразни болести во затворените објекти ќе може да влегуваат само лицата вакцинирани со две дози од достапните вакцини, како дел од новите рестриктивни мерки.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Повторно го згрешивме знамето: Македонската армија и се заблагодари на Норвешка со знаме на Исланд

Македонската армија преку Фејсбук и се заблагодари на Норвешка, но го згреши знамето, па го искористи тоа на Исланд. „Моторните возила од Кралството Норвешка веќе...

Рибар во албанскиот дел на Охридското Езеро улови коран тежок 13,2 килограми

Рибарот Ylli Jaçellari во албанскиот дел на Охридското Езеро успеа да улови пастрмка – коран тежок 13,2 килограми. Тој е 45-годишен лиценциран риболовец од Уденишт,...

Боки 13 тврди дека Камчев и Русковска знаат каде е милионот од Луи Витон торбата од „Рекет“

Бојан Јовановски во јавноста познат како Боки 13 денес на прес-конференција пред Основниот кривичен суд Скопје рече дека бара фер, а не хистерична и...

Се истепале професорки во средно училиште во Битола

Вчера во СВР Битола, 28-годишната Х.Т. од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка Ј.Н., соопшти МВР. Од...