15.9 C
Ohrid
среда, април 24, 2024
ПочетнаМакедонијаВо понеделник да НЕМА училиште за децата: Дали тоа би било паметна...

Во понеделник да НЕМА училиште за децата: Дали тоа би било паметна одлука, поради ИЗБОРИТЕ?

Македонија се подготвува за новите локални избори кои ќе се одржат во недела во училиштата, градинките и месните заедници низ нашата држава, пишува ФОКУС.мк.

Сепак, кај поголем дел од родителите постои извесна доза на згриженост, поради тоа што учениците веднаш во понеделник ќе бидат во училниците, а најавена е дезинфекција на просториите пред и по завршувањето на изборите.

„Ги задолживме сите градоначалници да организираат дезинфекција на сите гласачки места во објектите за гласање. Дали има простор за загриженост од евентуално несакано ширење на вирусот не би можел да кажам“, ни истакна првиот човек на ДИК, Александар Даштевски.

Микробиологот Никола Пановски за „Фокус“ даде свое стручно образложение зошто не треба да има страв кај населението поради евентуално ширење на корона вирусот.

„Просториите ќе бидат безбедни. Вирусот не може да опстои долго во воздухот и на предметите во концентрација за да предизвика инфекција. Не треба граѓаните да се загрижени“, рече Пановски.
Гласањето завршува во 19 часот в недела, но, училниците се користат уште неколку часови подоцна заради броење на гласовите по што ќе следува краток период за проветрување и за дезинфекција на просториите.

Актуелниот градоначалник на Општина Карпош, Стефан Богоев ни соопшти дека ќе се изврши целосна и навремена дезинфекција на просториите и децата ќе влезат во дезинфицирани простории во понеделник.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Пецаков: Денес му оддаваме достојна почит на охридскиот револуционер Христо Узунов, кој со својата голема храброст остави неизбришлив печат во македонската историја

Денес му оддаваме достојна почит на охридскиот револуционер Христо Узунов, кој со својата голема храброст остави неизбришлив печат во македонската историја и беше еден...

На гласачко место во Скопје пронајдена испукана димна бомба !!!

Министерството за внатрешни работи досега нема регистрирано посериозни нарушувања на јавниот ред и мир во текот на гласањето, кое, генерално, се одвива мирно, без...

Тошковски: Безбедносната состојба стабилна, нема никакви нарушувања во изборниот процес

Безбедносната состојба е стабилна. Нема никакви нарушувања во изборниот процес. Немаме забележано никакви посериозни нарушувања во изборниот процес, изјави денеска техничкиот министер за внатрешни...

Грк починал во казино во Битола.

Лекар од Итна медицинска помош Битола вчера во 18.30 часот во СВР Битола пријавил дека кај нив, од казино во хотел во Битола, бил...