3.9 C
Ohrid
среда, април 24, 2024
ПочетнаМакедонијаИ Заев и Мицкоски се уверени во победа на избори!

И Заев и Мицкоски се уверени во победа на избори!

Како што премиерот Зоран Заев е сигурен во победа на СДСМ на претстојните локални избори кои ќе се одржат во недела, со ист жар, и неговиот политички ривал Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО ДПМНЕ, уверува во голема победа на неговата партија, пишува ФОКУС.

-Слушајте ме, добро сум информиран, нашиот политички противник ќе победи во шест општини, а коалицијата предводена од СДСМ ќе има најмалку 22 градоначалника во првиот круг или 3,5 пати повеќе, порача Заев завчера на митингот во Автокоманда.

Запрашан што мисли за ова тврдење на Заев, и дали доколку неговите прогнози се остварат планира да замине од лидерската позиција, Мицкоски за ,,Фокус” вели дека според него, ВМРО ДПМНЕ убедливо ќе победи на овие избори.

На прашањето пак, дали како лидер на партија, смета дека го дал својот максимум, за да може ВМРО ДПМНЕ да очекува добри изборни резултати, тој одговара дека народот е тој кој треба да процени дали лидерот работел добро.
-Сам за себе не е достојно да се зборува. Ќе оставам луѓето да дадат оценка за сработеното од моја страна. Убедливо ќе победи ВМРО ДПМНЕ на овие избори – порача Мицкоски.

Вики Клинчарова Fokus

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Охриѓанецот Давид Крстески е нашиот херој од последното Европско Таеквон-до ИТФ првенство освојувајќи бронзен медал во борби

Македонската Традиционална Таеквон-до Федерација од 15-ти до 22-ри април 2024, учествуваше на Европското Таеквон-до ИТФ првенство кое се одржа во Копер, Словенија. На ова...

Полициските чувари од прилепскиот Затвор на протест- Се плашат за својата безбедност од високо-ризичните осуденици

- Полициските чувари од прилепскиот Затвор на протест, се плашат за својата безбедност од високо-ризичните осуденици кои ги чуваат – ...

73 годишен Тетовчанец, ја затворил снаата во соба и ја тепал.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.К.(73) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „телесна повреда“ при семејно насилство и...

Ученикот кој претепа наставничка, од „Димо Хаџи Димов“ ќе биде префрлен во „Владо Тасевски“

Институциите, општината и основното училиште по претседателските избори ќе бараат решение за ученикот кој вчера претепа наставник и нападна ученици, а потоа беше приведен од...