10 C
Ohrid
четврток, март 28, 2024
ПочетнаМакедонијаМилошоски: Општината треба да ја води човек кој што живее тука, кој...

Милошоски: Општината треба да ја води човек кој што живее тука, кој што си ја сака општината, а тоа е Бошко Цветковски

„Првата порака е дека на 17-ти октомври оваа година еден човек во Лозово треба да биде загрижен и уплашен, и тој веќе е загрижен и уплашен, и тоа е актуелниот градоначалник бидејќи нему времето му одбројува. Успеа како успеа пред четири години со лаги, измами и во тој политички момент да стане градоначалник и од пред четири години до денес за жал општина Лозово во цела Македонија и на сите медиуми стана општина за лоши вести. Стана општина од каде што слушаме дека се тормозат на работа и се малтретираат вработени жени, дека се губат судски спорови заради бркање од работа, заради тоа што некој размислува поинаку од градоначалникот. И општина Лозово стана општината каде што гледаме дека градоначалникот две третини од годината не е во својата родна општина каде што е градоначалник“, истакна Антонијо Милошоски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ на митингот во Лозово.

Милошоски додаде дека е срамота да зема градоначалникот плата од општината, а шест месеци во годината да бидеш во Германија или во Австрија.

„Затоа сметам дека општината треба да ја води човек кој што живее тука, кој што си ја сака општината, кој што е израснат во Лозово и кој што иднината и перспективата ја гледа во општина Лозово. А, таков кандидат е Бошко Цветковски. И сметам дека ја заслужува поддршката на сите жители како човек кој што има и желба и потенцијал да работи за развој на општината. И тој е единствен од кандидатите во општина Лозово кој што јавно се обврзува дека нема да стави свој потпис на бизнис зделката која што МЗШВ и актуелниот градоначалник сакаат да ја направат за фабрика за мрши во општина Лозово“, рече Милошоски.

Милошоски посочи дека втората порака која што сака да ја пренесе е дека на 17-ти октомври нема да има победнички резултат ВМРО-ДПМНЕ само во Лозово, туку ќе има победнички резултат во цела Македонија.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Сашо Донев, Лидија Петкоска и Грација Бакраческа кандидати за пратеници од Охрид

Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ги усвои пратеничките листи на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за наредните парламентарни избори. На листата во петтата изборна единица има...

Села оди во коалиција со Ахмети, очекува најмалку пет пратенички мандати

Алијанса на Зијадин Села оди во коалиција со Али Ахмети. Со само еден делегат против било одлучено АА да стапи во коалиција со ДУИ...

Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош

Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени...

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи или младински организации. Како што...