13.9 C
Ohrid
среда, април 24, 2024
ПочетнаUncategorized @mkДржавниот архив на Македонија пронајде копија на географска карта од историско...

Државниот архив на Македонија пронајде копија на географска карта од историско значење

Во рамките на своето тековно работење архивистите во Државниот архив често откриваат и значајни и ретки историски документи и материјали. Така беше пред некој ден кога архивистите во Државниот архив – одделение Прилеп, предводени од раководителката, Елена Чагороска и Мустафа Алиоски, работејќи врз архивски фонд, пронајдоа копија на географска карта на околината на Прилеп што е со историско значење објавува Денешенмагазин.мк.

“Оваа карта е навистина големо историско богатство, која што е изработена во османлискиот период, поточно во септември 1883 година. Таа е изработена на специфична хартија и е напишана на старотурски јазик и арапско писмо. Значајна е зашто го потврдува постоењето на повеќе населени места и на историски, културни и црковни обележја во околината на Прилеп” – објаснува директорот на Државниот архив, д-р Емил Крстески.

На картата е прикажан имот на чифлиг во селото Крстец, сопственост на Хусрев бег-паша со две воденици и еден Ан. Во четири печати се напишани и имињата на членовите на селскиот Совет: Стојан, Ангеле, Дамјан (претседател на селото Мухтар), Ристе, Мира, Наумче, Коле, Петко, Диме и Ачко.

“На оваа карта се обележани и два пата од Прилеп до Велес, едниот преку селото Крстец, а другиот преку селото Присад, потоа, планинските места Балталак и Конор, како и Присадскиот манастир, Трскавец и Дервенските кули.

Исто така, значаен запис на оваа карта е и исцртаниот пат кој го поврзува Прилеп со патот Виа Игнатиа (Via Egnatia)” – додава директорот на Државниот архив, д-р Емил Крстески, потенцирајќи го уште еднаш, големото историско значење на оваа карта, која што, не само што зборува за нашето минато, туку е и солидна основа за натамошни истражувања на нашите историчари, топографи и географи.

Превземено од Denesenmagazin.mk 

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

На гласачко место во Скопје пронајдена испукана димна бомба !!!

Министерството за внатрешни работи досега нема регистрирано посериозни нарушувања на јавниот ред и мир во текот на гласањето, кое, генерално, се одвива мирно, без...

Тошковски: Безбедносната состојба стабилна, нема никакви нарушувања во изборниот процес

Безбедносната состојба е стабилна. Нема никакви нарушувања во изборниот процес. Немаме забележано никакви посериозни нарушувања во изборниот процес, изјави денеска техничкиот министер за внатрешни...

Грк починал во казино во Битола.

Лекар од Итна медицинска помош Битола вчера во 18.30 часот во СВР Битола пријавил дека кај нив, од казино во хотел во Битола, бил...

79-годишен дедо натепал полицаец во Куманово

79-годишен кумановец нападнал полицаец во Куманово кој бил на службена должност. – На 23.04.2024 година во 11.50 часот полициски службеници од СВР Куманово го...