3.9 C
Ohrid
среда, април 24, 2024
ПочетнаМакедонијаПоткуп со пари и бекатон плочки, закани за бомби, пукање на митинг...

Поткуп со пари и бекатон плочки, закани за бомби, пукање на митинг – еве што го одбележа првиот круг од изборите

МВР да ги најде за обвинителството да ги гони пиштолџиите од митингиот во скопски Чаир е само мал дел од предметите кои обвинителстовто ги отворило и кривично ги гони сторителите како дел од изборните нерегуларности кои го одбележале изборниот процес. Се кинеле гласачки ливчиња и полицијата го уапсила Скопјанецот, додека друг сограѓанин пијан се обидел да го краде изборниот материјал ставајќи го в џеб. Обвинителството трага и по заканувачи кои сториле крвичн одело изнуда кон кандидат за советник за Скопје.

Во општина Лозово независен кандидат делел по 3000 денари. И тој и поткупените граѓани ќе се гонат кривично велат од обвинителството. Овие избори Кочани е општината со најголем број прекрушувња на изборниот прцес. Две лица се заканувале на повеќе граѓани дека доколку не гласаат за одредена партија ќе бида избркани од работа. Други, пак, превезувале групно граѓани со организиран превоз во Кочани ,а трети минувајќи со возило нуделе пари за поткуп на гласачи. Кочанчани успеале да го сторат и кривичното дело „Повреда на слободата на определување“ и пред домот на кулутрата врешеле агитација и убедувале граѓани како да гласаат,а тие се дел од четирите предмети и седуммината осомничени ширум државата. Се агитирало и во Гостивар, а поткуп се вршело и во Делчeво и Тетово.

И МВР е со полни раце работа откако примиле 40 – тина пријави за нерегуларности во изборната кампања, за време на изборниот молк и денот на изборите, а голем број пријави стасале и кај народниот правобранител од граѓани, невладини здруженија и партии за кршење на избирачкото право.

Целиот текст тука.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Охриѓанецот Давид Крстески е нашиот херој од последното Европско Таеквон-до ИТФ првенство освојувајќи бронзен медал во борби

Македонската Традиционална Таеквон-до Федерација од 15-ти до 22-ри април 2024, учествуваше на Европското Таеквон-до ИТФ првенство кое се одржа во Копер, Словенија. На ова...

Полициските чувари од прилепскиот Затвор на протест- Се плашат за својата безбедност од високо-ризичните осуденици

- Полициските чувари од прилепскиот Затвор на протест, се плашат за својата безбедност од високо-ризичните осуденици кои ги чуваат – ...

73 годишен Тетовчанец, ја затворил снаата во соба и ја тепал.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.К.(73) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „телесна повреда“ при семејно насилство и...

Ученикот кој претепа наставничка, од „Димо Хаџи Димов“ ќе биде префрлен во „Владо Тасевски“

Институциите, општината и основното училиште по претседателските избори ќе бараат решение за ученикот кој вчера претепа наставник и нападна ученици, а потоа беше приведен од...