5.6 C
Ohrid
сабота, април 20, 2024
ПочетнаЗабаваСе омажи Џенифер Гејтс ќерката на Бил Гејтс, Фото

Се омажи Џенифер Гејтс ќерката на Бил Гејтс, Фото

Џенифер Гејтс (25), ќерка на неодамна разведените Бил (65) и Мелинда (57), Гејтс се омажи во вчера попладне со Најел Насар (30).

Церемонијата се одржала на семејниот имот на Гејтс со површина од 124 хектари во Вестчестер, Њујорк.

Најел е милионер и професионален возач по потекло од Египет. Ова е втора венчавка за парот Насар, првата била на муслиманска церемонија во петокот вечерта, пишува New York Post.

Невестата носела венчаница од дизајнерката Вера Ванг, а девет деверуши била облечени во темно зелени фустани, па, судејќи по фотографиите, одлично се забавуваа позирајќи пред фотографите.

Прославата започнала околу 17 часот, а собирот на гости бил два часа порано, меѓу кои најрасположени биле родителите на невестата.Есенската атмосфера на имотот била дополнително украсена со розово -бели цветови, а Џенифер танцувала со тато Бил на песната на Елтон Џон „Can You Feel The Love Tonight“.

Свадбата на саканата ќерка на Гејтс чинела околу неверојатни два милиони долари, пишуваат странските медиуми.

Превземено од Канал 5 

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Маричиќ до тетка Верица: Како ќе растат внуците, така и пензиите ќе растат !!

Меѓународниот секретар на СДСМ и кандидат за пратеник, Бојан Маричиќ, оствари средба со граѓаните пензионери од Изборната единици 1, каде што тој е дел...

Повторно го згрешивме знамето: Македонската армија и се заблагодари на Норвешка со знаме на Исланд

Македонската армија преку Фејсбук и се заблагодари на Норвешка, но го згреши знамето, па го искористи тоа на Исланд. „Моторните возила од Кралството Норвешка веќе...

Рибар во албанскиот дел на Охридското Езеро улови коран тежок 13,2 килограми

Рибарот Ylli Jaçellari во албанскиот дел на Охридското Езеро успеа да улови пастрмка – коран тежок 13,2 килограми. Тој е 45-годишен лиценциран риболовец од Уденишт,...

Боки 13 тврди дека Камчев и Русковска знаат каде е милионот од Луи Витон торбата од „Рекет“

Бојан Јовановски во јавноста познат како Боки 13 денес на прес-конференција пред Основниот кривичен суд Скопје рече дека бара фер, а не хистерична и...