7.9 C
Ohrid
петок, април 19, 2024
ПочетнаМакедонијаСајкоски до Заев: Да ги наречеш зло сите што не гласале за...

Сајкоски до Заев: Да ги наречеш зло сите што не гласале за тебе само значи дека си отсутен од реалноста и бескрупулозен во намерата да ја задржиш фотелјата за која мислиш дека природно им припаѓа

Отворено писмо од Ѓорѓија Сајкоски до Зоран Заев:

“Кога тие ќе удираат ниско, ние ќе одиме високо”.

Гледам дека Зоран Заев се обраќа во некакво писмо до неговото членство во кое бара мобилизација, оцрнува дека сите кои не биле за него биле зло, и дека тој бил циклусот на промени.

Нема да навлегувам во неговите квалификации и во потребата да се обраќа со писмо до членството и граѓаните, што само ја нагласува нервозата во неговите редови и фактот дека борбата за гласови, единствено ја перцепира како борба за привилегии, моќ и политичко преживување, како и неговата состојба на раздразнат човек кој е свесен дека го губи тлото под нозете и знае дека деновите во политиката му се одбројуваат.

Како генерален секретар на партијата се чувствувам должен да одговорам на неколку негови тези.

Тоа што над 400 000 илјади граѓани не гласаа за Зоран Заев на овие избори, како и оние кои не гласаа, не значи дека се зло, како што ги нарекува актуелниот премиер, туку единствено значи дека исклучително се незадоволни од начинот на кој што неговата влада ја води државата, празните џебови на народот и неисполнетите ветувања. Да ги наречеш зло сите што не гласале за СДСМ е одлика на човек и поединци кои се бескрупулозни во намерата да ја задржат фотелјата кон која се однесуваат дека природно им припаѓа и целосно отсутни од реалноста. Функциите не се наследно право, туку обврска дадена од граѓаните кон која мора да се пристапува одговорно и со должна почит.

ВМРО-ДПМНЕ има над 55 илјади гласови повеќе од СДСМ на овие избори, и повеќе победи на градоначалници на општини во прв круг од СДСМ, било да е во градот Скопје или другите општини надвор од државата. Заев велеше дека се обраќа на народот во исто време кога заглавен во минатото имаше монолози, повторно наметнуваше неосновани стравови, клевети. Епа сега со овој резултат народот му се обрати на Заев и вика доста е! Доста е од таа ароганција, од неодговорност, од криминал и корупција. Претеравте.

Прогресот на СДСМ е назадување за Македонија, затоа што тој прогрес единствено и значи прогрес во тендерите кои ги местат, во инфлацијата која се зголемува, во привилегиите што самите си ги приграбуваат. Заев вели дека ја научил лекцијата, така велеше и кога беше тесно во првиот круг од претседателските избори, така велеше кога едвај победи на парламентарните избори така велеше и кога му дадоа метла и ништо не измете. Така вели сега и кога знае дека губи, затоа што е уплашен поради губењето на власта. Тоа за него ќе значи одговорност, а за Македонија промени и чекор поблиску до новата иднина.

Заев треба да знае дека народот е веќе обединет, и е против него обединет, против сите делби, продажби, одрекувања, пазарења, против сите лаги и неисполнети ветувања.

“Волкот влакното го менува, но карактерот не”. Ова твое писмо е само откривање на карактерот. Тоа покажува дека ти гори под нозе, и дека покрај слаткоречивоста, целта ти е повторно да го изманипулираш народот. Разликата е тоа што 5 години си на власт и народот има искуство што значи Заев за премиер. Од таа гледна точка Ти не можеш да бидеш промената, Ти можеш да бидеш само променет. На 31 октомври, народот доаѓа по своето!

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Боки 13 тврди дека Камчев и Русковска знаат каде е милионот од Луи Витон торбата од „Рекет“

Бојан Јовановски во јавноста познат како Боки 13 денес на прес-конференција пред Основниот кривичен суд Скопје рече дека бара фер, а не хистерична и...

Се истепале професорки во средно училиште во Битола

Вчера во СВР Битола, 28-годишната Х.Т. од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка Ј.Н., соопшти МВР. Од...

Се огласи Паљото од Битола: Лажно сум пријавен дека сум пукал со воздушна пушка во бездомно куче од тераса

Зоран Лазаревски – Паљо, познат фитнес тренер и бодибилдер, како и поранешен кандидат за градоначалник на Битола, за „Слободен печат“ вели дека лажно е...

Малолетно момче заедно со неговиот татко натепале полициски службеници со метален предмет !!

Шеесет и четиригодишен кумановец и неговиот малолетен син биле приведени вчера откако со метален предмет нападнале полициски службеници. На 18.04.2024 во 00.35 часот во Куманово,...