8.9 C
Ohrid
четврток, април 18, 2024
ПочетнаМакедонијаПрва победа на македонските фудбалерки во квалификациите за Светското првенство

Прва победа на македонските фудбалерки во квалификациите за Светското првенство

Женската фудбалска репрезентација на Македонија ја оствари првата победа во квалификациите за Светското првенство што ќе се игра 2023 година во Австралија и Нов Зеланд. Македонските фудбалерки ја победија Летонија на гости со резултат 4-1.

Првиот гол за македонската репрезентација го даде Рочи во 9 минута, а на 2-0 зголеми капитенот Наташа Андонова од пенал во 28 минута. Две минути подоцна домаќините намалија на 2-1 со голот на Баличева. Македонските фудбалерки беа подобри и во второто полувреме, па Максути во 51 минута зголеми на 3-1, а конечниот резултат го постави Андонова, повторно од пенал.

Во претходните два натпревара Македонија загуби од Англија со 8-0 и од Австрија со 6-0. Следниот натпревар ќе го играат на 27 октомври (вторник) против Луксембург.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Да беше жив, денес ќе славеше 73 години !!

Ќе наполнеше 73 години Роден на 19 Април 1951та во Скопје! Беше еден од најкреативните, најталентираните и најшармантните актери во Македонија! Беше еден од ретките,...

Доживотен затвор за кочанскиот монструм кој уби жена со 41 убод од нож

По поднесено обвинение од Основното јавно обвинителство Кочани, а по признание на вина, Основниот суд во Кочани донесе осудителна пресуда за едно лице за...

Ахмети на импровизирана седница го избра Села за претседател на Собранието, ги усвои и измените на Уставот!

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети го прогласи лидерот на Алијанса за Албанците, дел од Европскиот фронт, Зијадин Села за претседател на Собранието на Македонија,...

ВМРО-ДПМНЕ традиционално ја стартува кампањата од Охрид, вечерва митинг на Градскиот плоштад

ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Твоја Македонија“, со голем народен митинг, вечерва традиционално ќе ја започнат кампањата за парламентарните избори од Охрид. На настанот, кој со почеток...