13.9 C
Ohrid
четврток, март 28, 2024
ПочетнаМакедонијаФилипче: Нема политика во олеснувањето на мерките...

Филипче: Нема политика во олеснувањето на мерките…

Нема политика во олеснувањето на мерките, тврди Министерот за здравство Венко Филипче во однос на владината одлука да се укине ограничувањето за четворица гости на една маса во кафеаните и да се дозволи 50% пополнетост на капацитетот.

Најавата оти од октомври наместо со потврда за една, влез во трговски центар ќе се дозволи само со документ за примени две дози вакцина засега не се реализира, ама Филипче вели дека тоа нема врска со изборите.

Коронавирусот значајно се шири само помеѓу невакцинираните, вели Филипче, кој посочи дека животот ќе се врати во нормала само со високо ниво на имунизирано население.

Токму интересот за трета доза деновиве е двојно поголем од оној за прва доза, па досега целосно имунизирани се околу 766.000 граѓани, или само околу 40 % од населението. Здравствените власти најавија и оти ќе го набават првиот лек против КОВИД 19 „молнупиравир“, кој се дава во првите пет дена од дијагностицирање на вирусот.

Во меѓувреме трае скринингот во училиштата кој надлежните засега го оценуваат како добар. До сега нема ниту еден ученик кој е позитивен на вирусот. Се очекува до утре да се тестираат околу 500 ученици од вкупно 8200 кои ќе бидат опфатени со овој процес.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи или младински организации. Како што...

Дуел Ковачевски-Мицкоски на трети април!

Во Среда на 3 април, ден пред стартот на предизборната кампања за претседателските и парлемнатрните избори, Канал 5 телевизија ќе има чест да ви...

Ангелов: Ако победи СДСМ би работел за нив и како експерт, ама за плата од 5.000 евра

Прашан дали, ако СДСМ победи на изборите, ќе го напушти ВМРО-ДПМНЕ и ќе се врати во СДСМ, Стојанче Ангелов, претседателот на партијата „Достоинство“ синоќа...

Илија Јовановиќ: Бебиња се евидентирале како мртви и се продавале на други?!

Дома СКОПСКА СКОПСКА Бебиња се евидентирале како мртви и се продавале на други?! Од страна на Вечер -27/03/2024 - 15:08420 Илија Јовановиќ, претседател на здружението „Градиме...