11.9 C
Ohrid
петок, март 29, 2024
ПочетнаМакедонија4-годишната Умејра ја победи леукемијата – на Детската клиника заѕвони ѕвончето за...

4-годишната Умејра ја победи леукемијата – на Детската клиника заѕвони ѕвончето за триумфот во долгата битка

Четиригодишната Умејра заѕвони на ѕвончето на Детската клиника. Овој звук ја симболизира добиената битка со канцерот.

Во знак на благодарност, ги почести со слатки медицинскиот персонал кои цели девет месеци безрезервно се грижеа за неа.

Пред Клиниката нестрпливо чекаа да ја прегрнат татко ѝ, браќата и останати роднини. Но, најмногу ѝ недостигаше на сестра ѝ близначка, Унејса.

Ја чекам мама и Умејра.
-Што ти е Умејра?
-Душа.

По триесетина минути излезе Умејра. Аплауз, солзи и прегратки….

Најмногу се израдува нејзината сестра близначка.

Сите се фотографираа со неа…

-Колку години имаш?
Умејра Исени: Четири.
-Каде ќе одиш?
У.И.: Дома.
-Дали си среќна?
У.И.: Да.
-Што сакаш да правиш?
У.И.: Да си играм со играчки.

Симболично пуштија балони во воздух за да се збогуваат од болеста…

Нејзината мајка, Несрин, вели дека битката против болеста била тешка, но со помош на роднините и медицинскиот персонал никогаш не се предале.

„На два месеца пред да наполни четири години, на Умејра ѝ беше дијагностицирана акутна леукемија. Тоа се случи на 17 јануари годинава. Моментот кога лекарите ни ја соопштија веста за мене беше многу тежок, за мене како мајка и за целото семејство. Фала му на Господ досега сѐ помина добро“, истакна Несрин Исени.

Несрин им порача на сите родители кои се борат со оваа болест да имаат трпение.

„Сите родители чии деца боледуваат од оваа болест треба да имаат храброст и многу трпение“, додава Несрин Исени.

Умејра уште одреден период ќе продолжи да прима терапија и да ги прави потребните прегледи. Насмеана и среќна си замина од болницата. Едвај чекаше да влезе во својот дом со семејството за да си игра со сестрата и браќата.

Извор: Тв21

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Сашо Донев, Лидија Петкоска и Грација Бакраческа кандидати за пратеници од Охрид

Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ги усвои пратеничките листи на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за наредните парламентарни избори. На листата во петтата изборна единица има...

Села оди во коалиција со Ахмети, очекува најмалку пет пратенички мандати

Алијанса на Зијадин Села оди во коалиција со Али Ахмети. Со само еден делегат против било одлучено АА да стапи во коалиција со ДУИ...

Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош

Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени...

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи или младински организации. Како што...