9.9 C
Ohrid
вторник, април 23, 2024
ПочетнаМакедонијаАхмети до дијаспората: Дојдете да гласате зошто ќе изгубиме и во Кичево.

Ахмети до дијаспората: Дојдете да гласате зошто ќе изгубиме и во Кичево.

Заедно сме биле предизвикани во повеќе наврати и никогаш не се откажале. Сме застанале силно затоа што сме биле заедно, како цел народ посветен на нашиот роден град. Еден од најголемите предизвици кои ги имавме овие години е враќањето на Кичево во наши раце и денес не треба да дозволиме историјата да се врати назад, напиша лидерот на ДУИ Али Ахмети на Фејсбук, со што ги повика Албанците од дијаспората да дојдат на 31 октомври и да гласаат за нивниот кандидат за градоначалник, Фатмир Дехари.

Тој апелира до граѓаните да покажат и демонстрираат дека се обединети на 31 октомври.

Ве повикувам уште еднаш да се сплотиме за нашето Кичево и на 31 октомври сите патишта да не носат дома – вели Ахмети.

Во Кичево по првиот круг, Александар Јовановски од ВМРО-ДПМНЕ освои односно 38,4 отсто од гласовите, а Дехари 37,3 отсто и тие се борат во вториот круг.

Трет на листата беше Фатмир Лимани, независниот кандидат кој инаку е внук на лидерот на ДУИ Али Ахмети. Лимани освоил 4.527 гласа или 19,76 отсто од гласовите.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Полициските чувари од прилепскиот Затвор на протест- Се плашат за својата безбедност од високо-ризичните осуденици

- Полициските чувари од прилепскиот Затвор на протест, се плашат за својата безбедност од високо-ризичните осуденици кои ги чуваат – ...

73 годишен Тетовчанец, ја затворил снаата во соба и ја тепал.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.К.(73) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „телесна повреда“ при семејно насилство и...

Ученикот кој претепа наставничка, од „Димо Хаџи Димов“ ќе биде префрлен во „Владо Тасевски“

Институциите, општината и основното училиште по претседателските избори ќе бараат решение за ученикот кој вчера претепа наставник и нападна ученици, а потоа беше приведен од...

19-годишник и малолетник завршиjа во полиција – Го прекршиле изборниот молк !!

Две лица од тетовско со лепење плакати за кандидат за претседател го прекршиле изборниот молк. Министерството за внатрешни работи информираше дека утрово во 01.05...