9.4 C
Ohrid
петок, март 29, 2024
ПочетнаМакедонијаБесплатен јавен превоз - реалност или само желба? Шилегов ја повика Арсовска...

Бесплатен јавен превоз – реалност или само желба? Шилегов ја повика Арсовска на дуел

Актуелниот градоначалник Петре Шилегов вели дека Скопје не е листа за желби, бидејќи во јавниот превоз има и приватници кои мора некако да егзистираат. Независната кандидатка поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Данела Арсовска смета дека ваквиот принцип на превоз е изводлив и покрај загубите со кои што работи ЈСП.

-Ќе треба да им објасниме на такси превозниците и на приватните сопственици на автобуси кој ќе ги плаќа и како ќе бидат платени, таму има и сопственици на повеќе автобуси, тоа е еден систем кој што е сериозно сложен, вели Шилегов.

-Ние мораме добро и квалитетно да ги менаџираме јавните претпријатија за тие да покажат резултати. Јавното сообраќајно претпријатие мора да биде оддржливо, а ќе биде одржливо со квалитетно, ефикасно менаџирање на процесите и на се она што е стварно важно, вели Арсовска.

И двајцата кандидати и денеска вообичаено продолжија со изборната агенда. Шилегов ја најави изградбата на отворена бина во градскиот парк, додека пак фокусот на Арсовска беше аерозагадувањето.

-Овој процес го започнавме веднаш по започнувањето на пандемијата, Град Скопје беше првата европска метропола со кризни мерки за културата во насока на егзистенцијата на скопските уметници, но и првата метропола што организираше цели фестивале сред пандемија, дури и во карантин, вели Шилегов.

Планирано е офорумување на зелен совет, тој ќе биде составен од експерти за животна средина и претставници на невладиниот сектор каде што ќе се разгледуваат сите прашања од областа на екологијата и од областа на урбаниот хаос кој што во моментов владее во Скопје, вели Арсовска.

Шилегов и денеска ја повика Арсовска на дуел за да ги соочат концептите јавно пред скопјани, оти како тоа е основно демократско начело. Арсовска и понатаму одбива, чекајќи извинување за како што вели обидот за нејзина дискретитирање во изборната кампања.

Извор: Канал5

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Сашо Донев, Лидија Петкоска и Грација Бакраческа кандидати за пратеници од Охрид

Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ги усвои пратеничките листи на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за наредните парламентарни избори. На листата во петтата изборна единица има...

Села оди во коалиција со Ахмети, очекува најмалку пет пратенички мандати

Алијанса на Зијадин Села оди во коалиција со Али Ахмети. Со само еден делегат против било одлучено АА да стапи во коалиција со ДУИ...

Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош

Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени...

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи или младински организации. Како што...