15.9 C
Ohrid
среда, април 24, 2024
ПочетнаЕстрадаСе самоуби бугарскиот пејач Денис Теофиков, фрлаќи се од тераса...

Се самоуби бугарскиот пејач Денис Теофиков, фрлаќи се од тераса…

Бугарскиот пејач Денис Теофиков, загина по пад од 7 кат од зградата во која живеела неговата девојка Алекса. Тажната вест ја пренесоа неговите колеги Лорена и Антонио. Засега причината за падот не е позната, а медиумите пренесоа дека таа се случила во близина на Царско село.

Денис со Алекса, која наводно била шминкерка, бил во врска само неколку месеци, а претходно се забавувал со неговата колешката Десита.

„На 21 година не напушти еден од најдобрите млади изведувачи на музичката куќа „Пајнер“. Засекогаш ќе остане во нашите срца како младо и бескрајно талентирано момче кое за кратко стана идол и успеа да доминира кај публиката со својата харизма и целокупните хитови. Буквално блескаше на сцената“, рече неговата колешка Лорена.

Компанијата „Пајнер“, која го продуцираше младиот пејач, ја потврди тажната вест, но не ја откри вистинската причина за смртта.

„Секогаш ќе се сеќаваме на енергијата што ја внесуваше во сè што правеше, а особено во музиката, енергијата што ја даде на сите нас. Со голема тага се разделуваме со тебе Денис. Но ти остануваш засекогаш во нашите срца“, рекоа од „Пајнер“.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Како за Бајрам така и Велигден- Бесплатно шишање за сите деца од Православна вероисповед

Како за Бајрам така и Велигден. Почитувани мои Охриѓани, се ближит големиот Православен празник-Велидген. Одлучивме заедно со Берберот Емин Алим од "Barber shop Shogun"на 28.04.2024 (Недела)во...

Уапсен Охриѓанец- Го фотографирал гласачкото ливче

Полицијата во Охрид го приведе А.И.(48), затоа што го фотографирал гласачкото ливче на избирачкото место 1271 во Охрид. По целосно документирање на настанот, против него...

Пецаков: Денес му оддаваме достојна почит на охридскиот револуционер Христо Узунов, кој со својата голема храброст остави неизбришлив печат во македонската историја

Денес му оддаваме достојна почит на охридскиот револуционер Христо Узунов, кој со својата голема храброст остави неизбришлив печат во македонската историја и беше еден...

На гласачко место во Скопје пронајдена испукана димна бомба !!!

Министерството за внатрешни работи досега нема регистрирано посериозни нарушувања на јавниот ред и мир во текот на гласањето, кое, генерално, се одвива мирно, без...