14.9 C
Ohrid
четврток, март 28, 2024
ПочетнаМакедонијаНеколку дена пред избори се менува правилникот: Да важат и ливчињата без...

Неколку дена пред избори се менува правилникот: Да важат и ливчињата без печат велат од ДИК

Државната изборна комисија денеска на седницата донела одлука за измена на уптаството за важечки и неважечки ливчиња кое предвидува одредба спротивна на одредбата што стои во Изборниот законик.

ДИК со мнозинство гласови одлучиле во вториот изборен круг, да важат и да се бројат и гласачките ливчиња на кои ќе нема печат од избирачкиот одбор.

Инаку печат на секое искористено гласачко ливче е пропишана со Изборниот законик.

Во правниот систем, законите се повисока категорија на акти од упатствата кои шти претставуваат подзаконски акти. Упатствата секогаш треба да се усогласат со законите.

Членовите на ДИК и претседателот Александар Даштевски се правници по образование и вокација, а при носењето на упатството се повикале на членовите 110 и 115 од Изборниот законик во кои се наведува дека изборното ливче е важечко доколку „на сигурен и недвосмислен начин може да се утврди за која листа на кандидат, односно листа на кандидати избирачот гласал“.

Но во членот 109 став 2 од Изборниот законик стои објаснувањето за печатот: „Гласачкото ливче се откинува од кочанот на блокот по нумерички редослед, му се става печат на предната страна и потоа му се дава на избирачот.“

Правниците, адвокатите и членовите на ДИК одлучиле дека иако законски гласачкото ливче мора да има печат пред да му биде предадено на избирачот, всушност ќе се брои за важечко и доколку нема печат удрен од избирачкиот одбор.

На гласањето денеска не бил само членот на ДИК Кренар Лога, предложен од Алијансата на Албанците.

Одлуката е донесена, најверојатно откако Управниот суд поништил гласање на едно избирачко место во општина Шуто Оризари затоа што ливчињата во кутијата немале печати на нив. Сега членовите на ДИК сметаат дека ќе нема вакви проблеми ако го сменат упатството, иако во Изборниот законик останува обврската за печат.

Дополнителен проблем е што имаше обуки на илјадници членови на избирачките одбори дека мора да удираат печати на ливчињата, а сега се менува упатство 5 дена пред изборите, без можност за обука. Од друга страна, членовите на ДИК ќе мора да одлучуваат дали ќе ги печатираат ливчињата како што им е законската обврска или пак да ги послушаат правниците од составот на комисијата кои тврдат дека може да сегласа и на непечатирано гласачко ливче.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош

Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени...

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи или младински организации. Како што...

Дуел Ковачевски-Мицкоски на трети април!

Во Среда на 3 април, ден пред стартот на предизборната кампања за претседателските и парлемнатрните избори, Канал 5 телевизија ќе има чест да ви...

Ангелов: Ако победи СДСМ би работел за нив и како експерт, ама за плата од 5.000 евра

Прашан дали, ако СДСМ победи на изборите, ќе го напушти ВМРО-ДПМНЕ и ќе се врати во СДСМ, Стојанче Ангелов, претседателот на партијата „Достоинство“ синоќа...