9.4 C
Ohrid
петок, март 29, 2024
ПочетнаМакедонијаЗаев: Барам Данела да се повлече од трката за градоначалник !!

Заев: Барам Данела да се повлече од трката за градоначалник !!

Како и многу други така и јас поминувам низ тешки периоди. Целта на наративот дека ја ставам на коцка мојата лична кариера, поврзано со Скопје е да повикам на одговорност на граѓаните, пред себе, пред татковината. Изборите профилираат правец на движење на државата. Дома кога седиме ништо не помагаме, напротив одмагаме. Тогаш не е јасно мнозинството граѓани во каков правец сакаат да се движат, вели премиерот Зоран Заев за Утрински брифинг.

-Скопјани верувам дека нема да дозволат да бидат иманипулирани. Во живот ако се определите да бидете претставник на странска држава тогаш тоа го работите. Не можете да биде претставник на странска држава, а да водите влада во влада. Вториот дел е што Арсовска е државјанин на друга држава, вели Заев во врска со двојното државјанство на кандидатката Данела Арсовска што СДСМ го објавија вчера.

-Многу е сериозна оваа работа. Таа не демантира. Чист демант нема. Вистината ќе излезе до крај. Во Скопје се бира градоначалник, кмет се бира во Бугарија. Имало Скопје кмет 1941 но овде бираме градоначалник. Тврдам дека Данела Арсовска е државјанин и на Бугарија. Проблемот е политички, етички, нечесен. Мора да им кажете на своите граѓани, вели Заев.

-Очекувам Аровска да се повлече веднаш, ако малку си го сака Скопје и скопјани. Ова е понижување, додава премиерот.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Сашо Донев, Лидија Петкоска и Грација Бакраческа кандидати за пратеници од Охрид

Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ги усвои пратеничките листи на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за наредните парламентарни избори. На листата во петтата изборна единица има...

Села оди во коалиција со Ахмети, очекува најмалку пет пратенички мандати

Алијанса на Зијадин Села оди во коалиција со Али Ахмети. Со само еден делегат против било одлучено АА да стапи во коалиција со ДУИ...

Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош

Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени...

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи или младински организации. Како што...