7.9 C
Ohrid
четврток, април 25, 2024
ПочетнаМакедонијаДедо Раде на своето внуче му подарил 5 грепки за роденден, малечкиот...

Дедо Раде на своето внуче му подарил 5 грепки за роденден, малечкиот “изгребал” стан во Скопје.

spot_imgspot_img

Државна лотарија со радост ве запознава со Раде Стојчевски, дедото кој на својот внук за роденден му подари стан за роденденски подарок, дарувајќи му 5 инстант лоза „Доме сладок доме“.

Раде Стојчевски од скопската населба Драчево е четвртиот добитник на стан во Скопје од инстант лозот Доме, сладок доме. Станот со големина од 32 квадрата е во вредност од 2 914 181 денар (со сите вклучени давачки, данок на имот, трошоци за пренос и др.), а ќе биде роденденски подарок за неговиот внук Давид.

“Со радост споделуваме и за убавата средба со среќните добитници. Имено, по завршување на процедурата околу целосната документација за предавање на станот, се упативме кон среќната зграда на улица „Методија Шаторов-Шарло“. Разгледувајќи го станот, покрај дедото Раде, најсреќен беше малиот Давид. Во разговорот со нив, ни ја пренесоа позитивната енергија и возбуда.

Раде честопати ја предизвикува среќата со инстант лозови на Државна лотарија. Овојпат, купил пакет СРЕЌА ПЛУС ‒ 5 лоза „Доме, сладок Доме“ од продажното место „Саде Ес“ на улица Партизанска.

На 23 септември, на роденденската прослава на внукот Давид, Раде му ги подарил 5-те лоза. По само некој миг, гребејќи ги лозовите малиот Давид открил дека добил најдобар роденденски подарок – стан во една од најубавите скопски општини, Аеродром. Пресреќни, но по малку и скептични за добивката, семејството се упатило до најблиското продажно место каде што ја потврдиле добивката. Роденденската прослава продолжила до раните утрински часови”, велат од Државна лотарија на Македонија.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Стојанче: Овојпат ДУИ мора да падне, со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме

По вчерашниот пораз на СДСМ утрово се огласи и Стојанче Ангелов. СЕГА ИЛИ НИКОГАШ! Колку и да е убедлива, победата нема да биде комплетна доколку ДУИ...

По кусо боледување, денеска на 75 години почина Велибор Џаровски-Џаро

По кусо боледување, денеска на 75 години почина Велибор Џаровски-Џаро, еден од најпознатите менаџери на просторите на бивша Југославија. Џаровски соработуваше со најголемите југословенски естрадни...

Доктор Нико си тера мајтап: „Стефчо Јакимовски собра повеќе потписи од гласови“,

Вечерва, кога веќе се познати изборните резултати, кандидатот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски освои околу 5.500 гласови, доктор Нико Беќаровски објави хумористичен статус за него. „Стефчо...

Ковачевски: Очекував подобри резултати, но јасно е дека граѓаните не казнија

Лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски вечерва порача дека јасно е оти граѓаните ги казниле. Се надевавме на подобри резултати, но јасно е дека луѓето не...