5.9 C
Ohrid
петок, април 19, 2024
ПочетнаМакедонијаДанела Арсовска и Бени Шаќири на кафе-муабет

Данела Арсовска и Бени Шаќири на кафе-муабет

„Скопски муабети“ напиша Данела Арсовска независната кандидатка за градоначалник на град Скопје објавувајќи фотографија со Арбен Шаќири. Тој исто така беше кандидат за градоначалник номинаран од коалицијата на владејачките ЛДП и ДОМ.

Објавата алудира на можноста дека во вториот круг гласачите на Шаќири може да и ја дадат поддршката на Арсовска. Тој во првиот круг освои 8.911 гласови, но по изборниот ден соопшти дека нема да ги насочува гласачите за кого да го дадат својот глас, но самиот порача дека тој нема да гласа за Шилегов.

Скопјани во вториот круг ќе бираат меѓу Данела Арсовска, која настапува со поддршка на ВМРО-ДПМНЕ, и која, со освоени 37,68 отсто од гласовите, има солидна предност пред својот конкурент од СДСМ, актуелниот скопски градоначалник Петре Шилегов, кој успеа да ја добие довербата од 34,24 отсто од своите сограѓани

Значајни проценти во Скопје освоија и неколку други кандидати, меѓу нив Перо Георгиевски Камиказа од Левица, кој доби дури 8,96 отсто од гласовите, а кој не порача за кого да се гласа, туку да победи најдобрата или најдобриот. Сепак вчера лидерот на Левица Димитар Апасиев објави дека гласачите треба да си го дадат гласот за кој сакаат, но повика да се победат СДСМ и ДУИ. Денеска пак објавија дека ВМРО-ДПМНЕ и другите партии во парламентарната опозиција направиле мнозинство и во Советот на град Скопје.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Нема влада без Левица…

Со децении веќе доаѓаат со план за власт, да земаат, да пустошат и да крадат! Татковината која ја сакаме ја претворија во перална за...

Македонската професорка Светлана Мојсов е меѓу 100 највлијателни луѓе на светот

Научниот вонреден професор, Светлана Мојсов од Универзитетот „Рокфелер“ е именувана на листата на „Тајм 100“ највлијателни луѓе за 2024 година, која им оддава почит...

Јакимовски од Охрид: Треба да направиме автопат од Св. Стефан до Св. Наум, да направиме тунел под Галичица

Јакимовски, вчера попладне оствари средба со граѓани на Охрид, пред кои ги презентираше седумнаесетте точки од предизборната програма за претстојните претседателски избори. Доколку ја добие...

Таравари: Гарантираме 800 евра минимална плата !!!

Претседателскиот кандидат на ВЛЕН, Арбен Таравари на денешната прес-конференција рече дека на овие избори има целосно единство на албанската опозиција и тоа гарантира победа,...