10 C
Ohrid
четврток, март 28, 2024
ПочетнаМакедонијаДанела не се откажува од тужбите: СДСМ со црната кампања ќе загуби...

Данела не се откажува од тужбите: СДСМ со црната кампања ќе загуби со 30.000 гласови разлика !!!

Кога некој оваа кампања од кампања за локални избори противкандидатот ја направи црна кампања, наместо да им се каже на граѓаните што ќе прави за нив се виде кој каков интерес има, рече независниот кандидат за градоначалник на Скопје, Данела Арсовска поддржана од ВМРО-ДПМНЕ на гостување на телевизија Канал 5 во емисијата Само вистина.

Според неа наместо за визии, идеи се зборуваше за се друго само не за тоа што треба, како за името, за бугарско државјанство.

„Од своето раѓање до денес јас моето име не го дадов името ми е од името на дедо Дане. Од другата страна имате чоек кој се што кажал излажал, затоа се што зборуваат за мене се манипулации и лаги. Јас знам само дека овие манипулации и лаги ќе се докажат. Од другата страна има луѓе во очај, а сега нив ќе ги победам со 30 илјади гласови разлика“, рече Арсовска додавајќи дека ќе ги тужи за сите кажувања како и за она за бугарското државјанство.

Многу медиуми извадија многу информации, рече таа, и додаде дека ова го прават бидејќи премиерот Заев рече ќе ја депонира оставката.
„Знаеме зошто се толку големи нападите. Заев рече ако го загубат Скопје ќе поднесе оставка“, рече Арсовска.

Говорејќи за најавените тужби таа рече дека се подготвуваат предмети и оти таа не отстапува од тоа.

Арсовска говорејќи за салата Расадник рече „јас веќе поднесов тужба, јас сум била менаџер во многу претпријатија и секаде имало успех, оваа сала била во моето портфолио пред 20 години, а кажувањата се невистина  за Расадник и за ова поднесов тужба“, рече Арсовска.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Сашо Донев, Лидија Петкоска и Грација Бакраческа кандидати за пратеници од Охрид

Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ги усвои пратеничките листи на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за наредните парламентарни избори. На листата во петтата изборна единица има...

Села оди во коалиција со Ахмети, очекува најмалку пет пратенички мандати

Алијанса на Зијадин Села оди во коалиција со Али Ахмети. Со само еден делегат против било одлучено АА да стапи во коалиција со ДУИ...

Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош

Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени...

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи или младински организации. Како што...