10.9 C
Ohrid
четврток, март 28, 2024
ПочетнаМакедонијаОд понеделник стартува нова авио линија: Скопје Швајцарија за само 1.316 денари..

Од понеделник стартува нова авио линија: Скопје Швајцарија за само 1.316 денари..

Изиџет официјално од понеделник 1 ноември, ќе лета на релација меѓу Скопје и Женева, Швајцарија.

Македонскиот главен град ќе се поврзува со швајцарскиот град три пати неделно, односно секој понеделник, четврток и петок, од 1-ви ноември 2021 до 25-ти март 2022 година.

Првично на релацијата ќе има по два лета неделно, секој понеделник и петок, а од декември ќе има зголемување на три лета неделно. Летот ќе трае два часа и 15 минути.

Како што е наведено на веб стрницата на авиокомпанијата цената на билетот од Скопје за Женева доколку букирате лет за понеделник ќе ве чини 105 фунти (7.679 денари), а обратно 46,56 фунти (3.400 денари). Додека доколку букирате лет за 6- декември цената на билет од Скопје до Женева чини 18 фунти (1.316 денари).

Според анализите на ОАГ, во предпандемиската 2019 година на релација Скопје – Женева индиректно патувале 3.923 патници, додека лани само нешто над 600 патници, пишува exyuaviation.com.

Како што изјавија претходно од Изиџет, оваа нова сезонска авиолинија ќе им овозможи на клиентите да ги посетат своите семејства и пријателите, или да го откријат градот на раскрсницата на Балканот, богат со повеќе влијанија, како и со бројни културни и природни локалитети.

Женева ќе биде третата дестинација од Швајцарија со која од Меѓународниот Аеродром Скопје ќе има воздушна конекција, по Цирих и Базел.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Села оди во коалиција со Ахмети, очекува најмалку пет пратенички мандати

Алијанса на Зијадин Села оди во коалиција со Али Ахмети. Со само еден делегат против било одлучено АА да стапи во коалиција со ДУИ...

Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош

Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени...

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи или младински организации. Како што...

Дуел Ковачевски-Мицкоски на трети април!

Во Среда на 3 април, ден пред стартот на предизборната кампања за претседателските и парлемнатрните избори, Канал 5 телевизија ќе има чест да ви...