9.4 C
Ohrid
петок, март 29, 2024
ПочетнаМакедонијаСлавица е дипломиран наставик, но повеќе од 30 години работи како земјоделец...

Славица е дипломиран наставик, но повеќе од 30 години работи како земјоделец и одгледува 25 крави !!!

Славица Стојковска (57) е фармер од пелагониското село Добромири. Таа по професија е дипломиран наставник по биологија и хемија, а над три децении се занимава со сточарство и со земјоделие. Стојковска има регистрирано фирма и целосно е посветена на сточарството. Има мала фарма и за живина. Таа е голем љубител на цвеќиња, нејзиниот семеен дом е слика и одлика на нејзината љубов и грижа кон цвеќињата.

Триесет години веќе се занимавам со земјоделие, како девојка студирав и дипломирав за наставничка, работев една година како на замена, ама кога видов дека не е тоа што требаше да биде, одлучивме со сопругот Флорин и почнавме да работиме со фармата со крави и да обработуваме земја. Работата на секој земјоделец е тешка и мачна, ама потешкото некогаш носи и повеќе. Никаде нема лесно, затоа човек треба да знае што е добро или најдобро за него, вели Стојковска.

Таа е жена која знае што сака за себе и за своето семејство, исклучително трудољубива и вредна, на секоја жени и порачува да работи, да биде исполнета и реализирана, зашто како што вели, работа направена со љубов носи успех.

Со факултетот сакав да работам или наставник или лаборант, кога видов дека шансите за вработување се мали реков мора да се почне од некаде, да се егзистира, па почнавме со малку, со две до три крави, тргна работата и само одевме нагоре, се ширевме како бизнис, со тоа ја обезбедивме егзистенцијата на фамилија и ги школувавме децата. На жените кои децидно се држат до тоа да работат според професијата и дипломата само ќе им порачам – да не се срамат од работа, јас никогаш не се срамам од ова што го работам, зошто секоја работа те прави човек. Ако работата ја работиш со љубов, секогаш ќе имаш успех, отколку да седиш со скрстени раце и да чекаш цел живот за да се вработиш според професијата, порачува Славица.

Образованието е моќта на ова семејство. Од земјоделие Славица ги школува свои деца од кои двете ќерките се магистри по фармација и право, а синот е трета година на медицина. Децата ми се школуваат, работата е главно моја и на сопругот. Децата се огледало на нашиот живот. И учат и помагаат дома во земјоделието, раскажува Славица.

Семејството Стојковски сега огледува 25 крави и обработува 40 хектари земја, на која садат пченица, пченка, јачмен и луцерка. Најголем дел од производството го преработуваат во храна за добитокот, а дел и го продаваат. Дневно предаваат до 300 литри млеко, или 7 до 8 тони млеко месечно, а откупот им се загарантиран во Битолската млекарница. Откупната цена на млекото треба да е повисока, имаме многу работа, многу вложуваме, а цената не е соодветна. Цената од 18,5 денари за литар млеко е ниска, порано имавме цена и до 25 денари. За работа на нивите имаат три трактори и се што им е потребно од помошна механизација, единствено велат им недостасува комбајн за жетва на житните култури.

Таа подеднакво е успешна и во кујната, вели дека на големо задоволство и меси и прави благо, а ја продолжува и семејната традиција на правење бело кравјо сирење.

Од рака ми оди и месењето на мазници и кифли, како и на благо. А секоја желба на моите деца и на внучињата е моја заповед. И покрај обврските ќе најдам време, ако треба и навечер и ќе измесам или ќе направам колачи. А од свекрва ми научив и продолжив да правам бело домашно сирење, на старински начин со маја, со сириште, ја завршува својата приказна Славица.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Сашо Донев, Лидија Петкоска и Грација Бакраческа кандидати за пратеници од Охрид

Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ги усвои пратеничките листи на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за наредните парламентарни избори. На листата во петтата изборна единица има...

Села оди во коалиција со Ахмети, очекува најмалку пет пратенички мандати

Алијанса на Зијадин Села оди во коалиција со Али Ахмети. Со само еден делегат против било одлучено АА да стапи во коалиција со ДУИ...

Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош

Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени...

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи или младински организации. Како што...