6.9 C
Ohrid
петок, април 19, 2024
ПочетнаМакедонијаЗаврши средбата на Заев со партнерите: Да не се брза со оставката..

Заврши средбата на Заев со партнерите: Да не се брза со оставката..

Сите лидери на владејачките коалициски партнери, на денешната средба на Илинденска со премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев, изразиле поддршка за актуелното парламентарно мнозинство, дознава Фокус.

Според нашите извори, Заев на средбата истактал дека не може да го менува ставот дека ќе се повлече од премиерската функција и лидерската позиција во СДСМ, после победата на опозицијата на локалните избори.

Меѓутоа, додаваат нашите соговорници, останатите партнери побарале тој да не брза со оставката, бидејќи во следниот период потребна е стабилна влада, со оглед на одредени најави дека Бугарија може да ја крене рампата за почеток на преговори со ЕУ, а претстои и сериозна енергетска криза.

Поточно, велат тие, дел од присутните сметале дека оваа влада треба да опстои најмалку до Нова Година, па дури потоа евентуално да се процесуира оставката и да се избере нова влада.

Ниту еден од учесниците на средбата не се изјаснил дека се потребни предвремени парламентарни избори, туку, според неофицијални информации, повторно станало збор за проширување на парламентарното мнозинство, на што ќе се работи следниот период.

В.С. Fokus

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Повторно го згрешивме знамето: Македонската армија и се заблагодари на Норвешка со знаме на Исланд

Македонската армија преку Фејсбук и се заблагодари на Норвешка, но го згреши знамето, па го искористи тоа на Исланд. „Моторните возила од Кралството Норвешка веќе...

Рибар во албанскиот дел на Охридското Езеро улови коран тежок 13,2 килограми

Рибарот Ylli Jaçellari во албанскиот дел на Охридското Езеро успеа да улови пастрмка – коран тежок 13,2 килограми. Тој е 45-годишен лиценциран риболовец од Уденишт,...

Боки 13 тврди дека Камчев и Русковска знаат каде е милионот од Луи Витон торбата од „Рекет“

Бојан Јовановски во јавноста познат како Боки 13 денес на прес-конференција пред Основниот кривичен суд Скопје рече дека бара фер, а не хистерична и...

Се истепале професорки во средно училиште во Битола

Вчера во СВР Битола, 28-годишната Х.Т. од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка Ј.Н., соопшти МВР. Од...