10 C
Ohrid
петок, март 29, 2024
ПочетнаМакедонијаМаксим: Победивме со 1 лаптоп, 1 фотоапарат и голема граѓанска поддршка

Максим: Победивме со 1 лаптоп, 1 фотоапарат и голема граѓанска поддршка

Независниот кандидат и актуелен градоначалник Максим Димитриевски успеа да победи во вториот груг во Куманово против својот довчерашен сопартиец од СДСМ.
„Сакам да се заблагодарам на сите кои што успеаа денеска да се одважат и да излезат на избори, да се заблагодарам за секој еден добиен глас, тоа е обврска повеќе за сите нас да работиме уште повеќе за Куманово. Оваа кампања, како што вели еден од моите луѓе во кабинетот, успеавме да победиме со еден лаптоп, еден фотоапарат и со многу голема граѓанска поддршка“, изјави Максим по победата.

Тој првиот мандат го доби како кадар на владејачката СДСМ, но во последната година од мандатот имаше преписки со врвот на партијата по што се оддели и настапи самостојно на изборите. Сепак, неговата работата во изминатите четири години ги плени кумановчани, независност на партиската определеност, па на овие избори успеа да победи иако се бореше против кандитат од својата поранешна партија.

Неизмерно сум благодарен на сите кумановчанки и кумановчани, но и на сите граѓани на Македонија кои беа морална поддршка во оваа голема борба. Голема борба за наше Куманово, а во иднина голема борба за наша Македонија. Ние сакаме заедно со граѓаните да продолжиме да работиме за нашиот град“.

„Куманово испрати една многу силна порака, не само во Куманово, туку и во цела Македонија, а тоа е дека народот треба секогаш да биде сложен. Политичарите и политиката се менлива работа, али народот е тој којшто мора да биде на прво место, а тоа сте вие. За првпат во историја на македонскиот народ, на албанскиот, српскиот, ромскиот, влашкиот, турскиот, бошњачкиот, победува еден независен кандидат“.

30 години се игра пинг-понг со граѓаните и народот на нашата држава. Од Куманово отпочнале големи општествени промени во минатотот и ние таа навика на нашите претци ќе ја задржиме и ќе продолжиме со граѓаните да го градиме Куманово како поубаво место за живеење и да ја вратиме демократијата во политичките субјекти и во државата“.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Сашо Донев, Лидија Петкоска и Грација Бакраческа кандидати за пратеници од Охрид

Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ги усвои пратеничките листи на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за наредните парламентарни избори. На листата во петтата изборна единица има...

Села оди во коалиција со Ахмети, очекува најмалку пет пратенички мандати

Алијанса на Зијадин Села оди во коалиција со Али Ахмети. Со само еден делегат против било одлучено АА да стапи во коалиција со ДУИ...

Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош

Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени...

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи или младински организации. Како што...