7.9 C
Ohrid
четврток, април 25, 2024
ПочетнаМакедонијаПендаровски, денеска оствари средби со неколку државници, меѓу кои и со претседателот...

Пендаровски, денеска оствари средби со неколку државници, меѓу кои и со претседателот на САД Џо Бајден.

spot_imgspot_img

Претседателот Стево Пендаровски, кој во Глазгов учествува на Самитот за климатски промени, денеска оствари средби со неколку државници, меѓу кои и со претседателот на САД Џо Бајден.

На маргините на Самитот за климатски промени #COP26 остварив уште четири кратки средби, со претседателот на САД Џо Бајден, германската канцеларка Ангела Меркел, премиерот на Индија, Нарендра Моди и израелскиот премиер Нафтали Бенет. Се вбројуваме и здружуваме со земјите кои активно преземаат обврски за борба против климатските промени. Важно е да се чујат и нашите заложби и работа во овој дел, напиша Пендаровски на својата официјална Фејсбук страница.

Во обраќањето на пленарната сесија вчера, Пендаровски истакна дека наша цел е до 2030 година да ги намалиме емисиите на стакленички гасови за 51 отсто, во споредба со нивото од 1990-та година. – Се стремиме да ја трансформираме Северна Македонија во економија со ниска емисија на јаглерод, зајакнувајќи ја конкурентноста и промовирајќи социјална кохезија, посочи вчера Пендаровски

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Стојанче: Овојпат ДУИ мора да падне, со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме

По вчерашниот пораз на СДСМ утрово се огласи и Стојанче Ангелов. СЕГА ИЛИ НИКОГАШ! Колку и да е убедлива, победата нема да биде комплетна доколку ДУИ...

По кусо боледување, денеска на 75 години почина Велибор Џаровски-Џаро

По кусо боледување, денеска на 75 години почина Велибор Џаровски-Џаро, еден од најпознатите менаџери на просторите на бивша Југославија. Џаровски соработуваше со најголемите југословенски естрадни...

Доктор Нико си тера мајтап: „Стефчо Јакимовски собра повеќе потписи од гласови“,

Вечерва, кога веќе се познати изборните резултати, кандидатот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски освои околу 5.500 гласови, доктор Нико Беќаровски објави хумористичен статус за него. „Стефчо...

Ковачевски: Очекував подобри резултати, но јасно е дека граѓаните не казнија

Лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски вечерва порача дека јасно е оти граѓаните ги казниле. Се надевавме на подобри резултати, но јасно е дека луѓето не...