6.9 C
Ohrid
петок, април 19, 2024
ПочетнаМакедонијаИако најави тужби за навреда и клевета, Данела Арсовска, нема да ја...

Иако најави тужби за навреда и клевета, Данела Арсовска, нема да ја тужи СДСМ или нејзините членови за објавените тврдења дека таа поседува бугарско државјанство..

Иако најави тужби за навреда и клевета, новата градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, нема да ја тужи СДСМ или нејзините членови за објавените тврдења дека таа поседува бугарско државјанство, велат од нејзиниот штаб за „Слободен печат“.

На прашање дали ќе има тужба и за тврдењата на СДСМ дека Арсовска има бугарско државјанство, пасош и лична карта, како што самата најави во неколку наврати, од нејзиниот Изборен штаб велат „ставот на народот на изборите беше доволна казна“.

Според претставници на штабот на Арсовска, тие засега презела правни мерки кон пратеникот на СДСМ Дарко Каевски, кој во текот на кампањата објави документи според кои фирми на Данела Арсовска должат 54.000 евра за струја, одговорија од нејзиниот тим за „Слободен печат“.

Пратеничката од СДСМ Славјанка Петровска, која ја објави информацијата за бугарското државјанство на Арсовска, ја повика вчера новата градоначалничка

да ја побара правдата на суд.

– Арсовска може да покрене тужба против мене, ако така смета. Ние стоиме зад она што го објавивме, тврдиме дека тоа е вистинито. Целта на соопштувањето на информацијата дека Арсовска има бугарско државјанство беше да им се каже вистината на граѓаните. Ја добивме таа информација тогаш кога ја добивме, не тактизиравме, туку чекавме да ја потврдиме и ја објавивме – изјави Петровска вчера за „Утрински брифинг“.

Бугарското министерство за надворешни работи реагираше на „агресивната политичка кампања“ спроведена минатата недела, поврзана со намерната злоупотреба на темата со поседувањето бугарско државјанство во изборниот процес во Република Северна Македонија.

„Апсолутно е неприфатливо да се користи говор на омраза како инструмент на внатрешно-политичкото спротивставување“, се вели во реакцијата од бугарското Министерство за надворешни работи.

Во соопштението се наведува дека бугарската страна се воздржала од итна реакција, бидејќи не сакала да се вклучи во предизборната полемика во Северна Македонија. Но, како што наведуваат, немешањето во политичките процеси во земјава, не значи прифаќање континуирана дискриминација и говор на омраза кон граѓаните на Република Северна Македонија, кои на некој начин се поврзани со Република Бугарија и бугарскиот народ.
Slobiden Pecat

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Маричиќ до тетка Верица: Како ќе растат внуците, така и пензиите ќе растат !!

Меѓународниот секретар на СДСМ и кандидат за пратеник, Бојан Маричиќ, оствари средба со граѓаните пензионери од Изборната единици 1, каде што тој е дел...

Повторно го згрешивме знамето: Македонската армија и се заблагодари на Норвешка со знаме на Исланд

Македонската армија преку Фејсбук и се заблагодари на Норвешка, но го згреши знамето, па го искористи тоа на Исланд. „Моторните возила од Кралството Норвешка веќе...

Рибар во албанскиот дел на Охридското Езеро улови коран тежок 13,2 килограми

Рибарот Ylli Jaçellari во албанскиот дел на Охридското Езеро успеа да улови пастрмка – коран тежок 13,2 килограми. Тој е 45-годишен лиценциран риболовец од Уденишт,...

Боки 13 тврди дека Камчев и Русковска знаат каде е милионот од Луи Витон торбата од „Рекет“

Бојан Јовановски во јавноста познат како Боки 13 денес на прес-конференција пред Основниот кривичен суд Скопје рече дека бара фер, а не хистерична и...