8.9 C
Ohrid
четврток, април 18, 2024
ПочетнаМакедонијаФото-приказна „И јас сум тука“ - „Се гушкавме и плачевме, најискрените прегратки...

Фото-приказна „И јас сум тука“ – „Се гушкавме и плачевме, најискрените прегратки некогаш добиени“ велат авторите

Новинарите Сребра Ѓорѓијевска и Тоше Огњанов ја отворија изложбата „И јас сум тука“ на која беше промовирана и книгата со приказни и фотографии на 20 лица со интелектуална попреченост. Автор на фотографиите е Огњанов, за кои вели дека не се само обичен портрет, туку цела приказна за животот на таа личност. Автор на приказните е Ѓорѓијевска, која преку текстовите успеа да ги опише главните одлики на овие личности, што ги прави среќни и во што се најмногу талентирани.
„И јас сум тука“ е дел од проектот „Децата не се раѓаат со предрасуди“, чиј иницијатор е театарот „Глада Худик“ од Худиксвал, Шведска, со поддршка на Шведскиот институт. Изложбата е дел од Фестивалот за литература и илустрација за деца Литера.
„На почетокот имав трема, првото фотографирање со Христијан, не знаев како да му пристапам, што да направам. Како да постапам, пристапам, што ќе ни биде оваа фотосесија. Се сретнавме, тој самиот почна да позира, да ги покажува медалите. Веднаш се поврзавме, па со Ива, па Александар, па Никола. Секое фотографирање беше посебно искуство, посебна приказна. Го опишуваме како патување, поминавме низ цела земја, но постои и едно фигуративно патување, до нови како личности. Тоа што како фотограф успеав да го увидам дека сите тие сакаат внимание. Ретко кога имам забележано поискрена насмевка“, рече Огњанов.
Сребра Ѓорѓијевска пак вели во текот на месеците додека работеле со овие луѓе, заедно се смееле, плачеле, но многу научиле.
„Се радувам на сите средби со овие 20 луѓе со попреченост, пред сè со новните семејства, со поддршката што ни ја дадоа отворајќи ги нивните срца и домови. Се радувам што сум дел од проект кој им дава можност на сте да зборуваат, да бидат слушнати, поздравени. Со Тоше Огњанов поминавме два месеци со приказните на овие луѓе, заедно се смеевме, се гушкавме, заедно плачевме. И научивме многу работи, пред сè, дека секој заслужува место под сонцето и на сите нас ни треба многу малку – една прегратка, една насмевка“, рече Ѓорѓијевска.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Да беше жив, денес ќе славеше 73 години !!

Ќе наполнеше 73 години Роден на 19 Април 1951та во Скопје! Беше еден од најкреативните, најталентираните и најшармантните актери во Македонија! Беше еден од ретките,...

Доживотен затвор за кочанскиот монструм кој уби жена со 41 убод од нож

По поднесено обвинение од Основното јавно обвинителство Кочани, а по признание на вина, Основниот суд во Кочани донесе осудителна пресуда за едно лице за...

Ахмети на импровизирана седница го избра Села за претседател на Собранието, ги усвои и измените на Уставот!

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети го прогласи лидерот на Алијанса за Албанците, дел од Европскиот фронт, Зијадин Села за претседател на Собранието на Македонија,...

ВМРО-ДПМНЕ традиционално ја стартува кампањата од Охрид, вечерва митинг на Градскиот плоштад

ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Твоја Македонија“, со голем народен митинг, вечерва традиционално ќе ја започнат кампањата за парламентарните избори од Охрид. На настанот, кој со почеток...